Каде никој не лута

„Најбогат е оној човек кој е задоволен со малку“.

foto by Marinela

Ог Мандино

Студена зимска ноќ. Божиќ е. Освен ретките минувачи кои брзаа пред раното стемнување да се приберат во своите топли домови, само едно девојче храбро стоеше на плочникот од тротоарот, упорно чекајќи да продаде некое кибритче за да може со заработените пари на своето семејство да му овозможи достоинствена божиќна вечера.

Кибритче тоа е кутивче со полно мали древца кои само со еден потег дават искра која може да развие пламен. Пламен кој зависно од тоа кој го пали може да пламти пократок или подолг временски период.

Имаше се помалку и помалку минувачи, а студот беше се посилен и посилен. На девојчето му студеше, па затоа почна да ги пали шкорчињата од кибритчињата едно по едно и на нивниот краткотраен пламен да се топли. Но таа краткотрајна топлина неочекувано и го смени текот на нејзиниот живот со филмска брзина. Таа краткотрајна топлина, која истовремено даваше и светлина на еден кочијаш му го покажуваше патот по кој може да се пристигне во градчето, бидејќи во студената зимска ноќ шкорчињата кои ги палеше девојчето успеаа да му го покажат правецот по кој да се движи.

Тоа беше кочија на еден богат човек од соседниот град, која поради лошите временски услови долго време не можела да го пронајде патот до гратчево во бескрајната рамнина, се до моментот кога почнала да се пали и гаси во одреден временски интервал одредена светлина по која успејаа да дојдат до првите куќи во малото градче.

Девојчето како да сонуваше се наоѓаше пред трпеза полна со разновидни јадења, а во подножјето на огромната новогодишна елка се наоѓаа куп подароци. Не и се веруваше кога дојде дома со прекрасната кочија и со подароците и божиќната вечера за сите нејзини домашни, на чија радост им немаше крај. Сега и тие припаѓаат на онаа група луѓе кои се радуваат на ист начин, спасувајќи се од разноликоста на несреќните луѓе.

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот м-р Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.