Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5г

  • Прагматичност“adj. од (прагматизам), вид идеалистичко учење во филозофијата: вистината е она што дава практично19 полезни резултати (Димитровски и соработници, 1965: 411). Додека според професор Habermas овој поим значи успешно остварување на конкретни општествени цели или рационализација на преземени акции (Heler, 1984: 122). Професор Ostoja Krstić20 како прагматична личност ја одредува онаа личност која е работнокорисна, која се однесува на дејствување (од грч. pragma – делотворност), (1996: 170).

„Прагматизам, според Џемсовата21 замисла, требал да одигра улога на помирител и миротворец, и тоа на таков начин што сакал да биде само општа метода која ги оправдува и помирува не само различитите погледи во науката туку и спротивните интереси на различните луѓе во нивните секојдневни животи (Cekić, 1975: 159). „Според прагматизмот вистинитоста на еден поим се мери со неговите последици, односно корисноста. Секоја идеја која дава практични резултати треба да биде прифатена како точна, секако доколку не доаѓа во судир со праксата“ (Вратуша и сарадници, 1979: 178).

За прагматизмот може да се каже дека претставува успешно остварување на конкретни цели кои се значајни како за поединецот истотака и за општествената заедница во реалниот живот.

19Според Habermas значи “просветување” со кое се постигнува способност на забележување и рационално размислување за потврдување на своите ставови и шеми на однесување (Heler, 1984).

20Професор Крстиќ магистрирал (1987) и докторирал (1993) на Факултетот за безбедност – Скопје под менторство на професор Владимир Водинелиќ.

21„Прва светска значајна филозофска теорија која е создадена во САД бил прагматизмот, систем на идеи који кон крајот на XIX и почетокот на XX век на американската и светската научна и филозофска јавност гласно ги презентирал William James (1842 – 1910)“. (Cekić, 1975: 155 – 156).

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.