Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5в

Целина, неповредено, недопрена состојба, потполност” (Krstić, 1996: 96). Професор Krstić за интегритет на личноста вели дека тоа е целовитост на личноста како единство на различни компоненти, нападот на интегритетот на личноста, “кршење” на личноста со присила да стори нешто што е во спротивност со сржта на неговото етичко битие, “перењето на мозок” во морална смисла се смета за многу потежок деликт одколку нападот на телесниот интегритет (ibid.).

Канадската високообразовна установа Nipissing University18 зборот интегритет го користи како свое мото на грбот на универзитетот.  Што на своевиден начин значи големо признание за суштината на овој збор. „Поединците во општеството и индустријата, како и потрошувачите и вработените, гледаат попозитивно на организациите за кои се смета дека работат со интегритет“ (Матис & Џексон, 2010: 21). Со овој свој став, професорите Матис & Џексон јасно покажуваат што претставува интегритетот за граѓаните на една општествена заедница.

18Оваа високо образовна установа се наоѓа во North Bay, Ontario, Canada. Преземено 04.05.2015.од http:// en.wikipedia.org/ wiki/Nipissing_University

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

“Bitku dobija onaj ko je čvrsto rešio da je dobije.” – Lav Nikolajevič Tolstoj
“Sutra pripada onima, koji imaju viziju danas.” – Anonymous

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.