Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5б

Ko je učen? Onaj koji zna gde naći znanje! Hodge
Ko misli na razvoj, misli na budućnost. Ko kreira razvoj, kreira budućnost.” Mihajlov

Интегритетот може да се одреди како честитост или поштеност на јавниот службеник во вршење на доверените должности, вперени на постигање на најдобар можен начин на служење на јавниот интерес и управување со ресурсите на заедницата” (Фатић и сор., 2011: 6). Понатаму истите автори продолжуваат “според одредба дадена во еден документ на британскиот Комитет за стандарди во јавниот живот принципот на интегритет подразбира, јавниот службеник во вршењето на доверените функции да постапува самостојно и независно од било какво надворешно финансиско или друго влијание“. За потоа да додадат “со синтеза на вредностите врз кои почиваат јавните администрации на развиените демократии, интегритетот може да се дефинира како посветеност на јавноста во спрега со почитување на начелата на одговорност, независност, објективност, правичност, транспарентност и отвореност“.

Врз основа на погоре изнесеното еден од авторите С. Кораћ заклучува дека “Најкратко речено, интегритетот на јавниот службеник е пракса на вршење на професионалните должности кои произлегуваат од доверената јавна служба во склад со јавниот интерес, етичкиот кодекс и општите морални норми и со почитување на основните човечки права и демократските начела”. (ибид).

П Р О Д О Л Ж У В А

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.