ДЕТЕТО И СРЕЌАТА

“Da bi imao nešto više, moraš prvo

da budeš nešto više.

Johan Volfgang Goethe

Znanje je vrednije od novca, oštrije od sablje.”

Gruzijska poslovica

Едно дете легна да спие токлму кај отворот на еден таков бунар, во кој лесно можеше да се преврти и да се удави. Дојде среќата во вид на жена, го разбуди и го натепа. Прашува детето, плачејќи, зошто го тепа: „Ете затоа – му одговори таа – што спиеш кај бунарот, каде лесно можеш да пропаднеш, па тогаш никој не би те обвинувал тебе, туку сите кон мене ќе зинат и со несреќа ќе ме колнат!“.

НАРАВУЧЕНИЕ

Од устата на сите народи и на сите луѓе ништо почесто не се слуша туку: среќа и несреќа; а речиси никој и не мисли чисто да сознае што претставуваат тие. Ова е општ обичај на луѓето да зборуваат за работи само затоа што ги чуле, зашто и други за нив говорат, како за маѓии, баења, уроци и секакви ноќни привидувања. А таму, каде луѓето се просветени и овие будалести суеверја се отфрлени, ништо од тоа нема кај нив, туку за сè што ќе се случи, има и се бара природна причина зошто се случило. Неразумниот и необмислениот најмногу на несреќа се жали, а не сака да види дека таа несреќа не е ништо друго, туку неговото невнимание и неразумност. Предпазлив и умен човек повеќе има работа со добра среќа, затоа што кога тргнува од дома тој добро заврзува вреќа и за својата работа избира такви патишта што го водат кон добар крај.

Насловот на овој пост е позајмен од книгата Басни од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен иЛесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.