Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 4в

За поимот безбедност може да се зборува на две нивоа, првото е здраворазумско и второто научно ниво на објаснување на овој поим. Ретки се поимите како што е поимот безбедност од широко општо значење каде што здраворазумското и научното толкување се толку многу блиску. Таа близина најверојатно доаѓа од потребата да едните и другите посакуваат да се дел од добро организирана општествена заедница. Бидејќи само добро организираната доброта може да гради општествена заедница по мерка на секоја единка која е дел13 од таа општествена заедница и ѝ припаѓа на таа заедница.

Според професор Водинелиќ нивото на развојот на една општествена заедница може да се гледа преку нивото на развојот на криминалистиката (Ангелески, 2007). Сериозен пристап кон одредена проблематика според Tomas Kun може да вршат само кадри кои имаат завидно ниво на образование и постигања во таа конкретна област (1974). Тоа значи дека е забележана вредноста на воспитанието14 и образованието во системот на развој на една општествена заедница и го одредува тоа ниво на развој преку системот на вредности што претставува како што вели Jože Goričar за индивидуите во таа општествена заедница ниво на квалитет на живеење (1984: 943 – 949).

Не може да се подобрува квалитетот на живеење доколу немаме задоволително ниво на морални вредности кога е во прашање професија, која треба да е предводник во вечната борба меѓу доброто и злото, притоа осознавајќи ја вистината. Доколку во разумен временски период после завршувањето на високото формално образование поединецот не почне со прагматична примена на своите знаења, не е исклучена можноста за појавување на чувство на неприфаќање од страна на заедницата или како што вели Abraham Maslow “this person feels rejected”15 (1970: 24).

13Дел – pars лат. Се мисли на вистински дел од општеството, а не само дел (pars) од одредена популација здружена околу некои парцијални интереси и по правила на демократијата одлучуваат за сите, при тоа не водејќи сметка за потребите на поединецот.

14Изразот воспитание го користиме според значењето дадено    од Bogdan Popović: како “се што човекот го прави, и што другите го прават за него, за да дојде до одредена форма на совршенство, за разлика од учење и поучување во потесен смисол, при што, навистина, сé се прави од страна за ученикот, додека тој самиот останува пасивен” (Šамиć, 1980: 9).

15 Одбиена од општествената заедница бидејќи нејзините знаења и вештини не и се “потребни на таа заедница.”

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.