Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 4б

  • „Kuda ćeš zaploviti, uzburkana lađo otadžbine?“

Henrik Sjenkjevič (1846 – 1916)

Прогресивниот развој на науките го наметнува начинот на решавање на општествени проблеми преку толкување на одредени теории како што е дарвиновата теорија за органската еволуција. Прагматистите кога се работи за оваа теорија ја применуваат од аспект дека треба да опстојат и се развиваат оние професии кои се подготвени да ги решаваат општествените проблеми. Криминалот претставува со сите свои форми и облици, сериозен општествен проблем кој неможе да се решава само здраво разумски, тука бара сериозен научен пристап со примена на научните достигања. Така може да се каже дека е неопходна професија со високо образование од конкретната општествена област која ќе знае да се справи со предизвиците кои ги носат класичните и современите облици на криминогено однесување во одредена општествена заедница10.

“Професијата криминалист” (Кресоја, 2006: 31) како во потесна смисла истотака и во поширока смисла на своето значење се заснова на интегритетот и прагматичноста на секоја единка која се занимава11 со криминална проблематика. При истражување на криминалитетот поимот безбедност12 има приоритетно место. Секое мислење треба да се уважува доколку е функционално и дава одредени позитивни резултати во сферата на живеење и стопанисување.

ПРОДОЛЖУВА

10Доколку заедницата сака да влезе во својот златен период преку замав на демократијата ќе мора да се справи со предизвикот дека професионалноста е на прво место, бидејќи нуди прагматични успеси како единствена мерка за прогрес на заедницата при што теоретските аргументи не се прост збир на научни сознанија туку општ метод кој допринесува за реално решавање на секојдневните општествени проблеми, особено оние со криминогени карактеристики.

11Професионалниот ангажман на поединецот, било да се однесува само  на  теоретски или практичен пристап, доколку се постигнуваат резултати тоа е благодарение на интегритетот и прагматичноста на самиот криминалист.

12Во теоријата на Maslow за човечките потреби, потребата за безбедност (сигурност) се наоѓа на второто ниво, но е главен предуслов за задоволување на повисоките нивоа на човекови потреби (припаѓање, почит, самоактуелизација) ова дотолку е позначајно ако се однесува за високо образована млада личност при задоволување на нејзините потреби во една конкретна општествена заедница. (Maslow H. Abraham, 1970), Motivation and personality, Copyright © 1970 by Abraham H. Maslow (2nd edition), Reprinted from the English Edition by Harper & Row, Publishers 1954.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.