Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 4а

Несомнено е дека во денешни услови примената на lingva franka е на завидно ниво кога се во прашање истражувањата во општествените науки во одредени општествени заедници. Избегнувањето на бирократскиот етос при одредување на истражувањето на одредена општествена појава во денешно време претставува вистински предизвик, но истовремено претставува задоволство како напоменува професор R. Mils да се пишува за тематика која е одредена од чувствата на поединецот (Pečujlić, 1980). Чувства кои се својствени за општествени заедници кои се наоѓаат на одредено ниво на демократскиот развој. Користењето на терминот “млада демократија“ само значи бегање од одговорност на одредени субјекти и оправдување за ниското ниво на демократија. Ова ги карактеризира водечките демократски субјекти во една општествена заедница како субјекти кои размислуваат со рептилскиот мозок8, наместо прагматично да ги применуваат постигнувањата на научната заедница9.

Античката мисла “необразованоста е терет” (Đurić, 1976: 102) не губи на значение ниту во актуелните современи општествени движења. Во денешниве современи општествени предизвици секогаш треба да се има во предвид ставот на професор Водинелиќ, кога станува збор за примената на општите и посебните знаења. “Не смееш да го проучуваш проблемот од преголема височина: нема да ја забележиш суштината и сите појавни облици туку ќе добиеш премногу воопштен преглед. Не смееш да го набљудуваш проблемот ниту од преголема близина: ќе забележиш само фрагменти и детали” (1985: 24). Од овде може да заклучиме дека одредени општествени појави на овие простори се набљудувани или премногу општо или премногу персонално, што резултира со неодреден статус на многу професии во нашава општествена заедница.

ПРОДОЛЖУВА

8Рептилски мозок: најпримитивниот дел од мозокот, кој за функција има размножување и освојување на територии и на партнери, како и нивна одбрана и претставува извор на лутина, на стравот, на алчноста и на други територијални емоции“. (Стајнер, 2006: 290-291).

9Научната заедница во нашава општествена заедница завиткана во својот конформизам го спие својот стогодишен сон, не водејќи многу сметка што се случува во нејзиното окружување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.