Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 4

Бедно е кога во sunrise на третиот милениум, нашата заедница е обвиткна со криза на идентитет која треба да биде надмината со примена на најзначајната филозофска теорија од крајот на XIX век во новиот свет – прагматизмот. Доктрина која има постигнато големо општествено влијание како што наведува професор Cekić поради “начинот на кој таа била прикажана” (1975: 156). Со својот прагмантизам најпознатиот американски филозоф William James направил пресврт во начинот на мислење воопшто кршејќи ги со векови признаените правила на аргументација5 внесувајќи ги вредностите од секојдневието и личното искуство на поединецот (ibid).

Прагматизмот на научно ниво го става Džon Djui преку научно истражувачка работа наведува професор Miodrag Cekić (ibid). Кога станува збор за професијата криминалист, еликсир    на нејзината виталност претставува доктрината на прагматизмот. Трипартитноста на прагматизмот произлегува од искуствените сознанија, реалноста не може само да се потпира на општ пристап користејќи општи појмови, понатаму функционалноста на res cogitans6, објект кој има карактеристична филозофија7 на животот.

ПРОДОЛЖУВА

5Во нашава заедница сеуште на големо се признаени правилата на ancien régime кои се длабоко вкоренети во свеста на носителите на општествени одговорности. Наместо прифаќањето на правото секоја професија да е на своето вистинско место давајќи го својот општествен оптимум, овозможувајќи развој и прогрес на заедницата.

6Поединецот кој е вклучен во решавање на одреден општествен проблем, во нашиот случај криминалот, мора да располага со завидни теоретски познавања, кои ќе знае да ги користи прагматично во реалниот живот на една заедница.

7Поединецот во својот професионален живот треба да има завидно ниво на интегритет, кој ќе му овозможува да не подлегнува на лаичките размислувања на поединци од позиција на својата моментална општествена функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.