Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 3

2.1. Одредување на предмет на истражување

“Кој знае дека не знае, највозвишен е. Leo Tse”

(Vujević, 1983, 42)

Проблемот кој предизвикува тешкотии во практична или теоретска ситуација според Cohen, вреден е за внимание да стане предмет на истражување (Vujević, 1983). Предметот на истражување како општествен проблем се базира продолжува понатаму професор Miroslav Vujević на радозналостa, а се создава доколку немаме доволно знаења за него (1983). Радозналоста делумно ќе биде задоволена доаѓајќи до сознанија кои ги осознале некои мислители во некое друго време и простор. На тој начин проблемот добива на тежина и вреди понатаму да се истражува преку лични сознанија.

Сознанија кои го набљудуваат предметот на истражување во ново настанатите општествено     економски     прилики.     Секогаш  ќе претставува предизвик за истражување предмет чија “тема претставува или оргинални податоци и заклучоци, или обработува некоја тема во таква форма да нејзината содржина може да се смета како вредна за објавување” (Silobrčić, 1983: 98). Истражувањето на оваа општествено применлива тема е вистински предизвик, кој е вреден за внимание.

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.