Amicorum – мај 2016-бр. 2-стр. 2/1б

Човековите индивидуални карактеристики како внатрешна околност директно се поврзани со квалитетот на живеење на секој поединец во една општествена заедница. Квалитетот на живеење како општествена појава е во тесна врска со работните обврски на граѓанинот, кој на тој начин ги обезбедува материјалните средства за својата егзистенција. Покрај својата егзистенција со работно ангажирње, со тоа научната заедница одамна се има сложено дека човекот треба да создава услови за свој потполн живот и на тој начин се гради како човек во вистинска смисла на зборот. За да се постигне оваа состојба неопходно е човекот во времето кога не стопанисува, а тоа е слободното време да се подготвува за своите работни обврски. Обврски кои придонесуваат за квалитетен живот како на поединецот така и во самата општествена заедница.

Посебно внимание сега ќе посветиме на делот на слободното време кое Димаздие го нарекува доколица, а во тој период од денот човекот се одмора, се забавува или ја развива својата личност. Но предходно ги има веќе завршено семејните и општествени обврски, кои се вршат за време на слободното време од денот. Кога се врши развој, надоградување на личноста за време на доколицата се создаваат неопходните услови за вистинско процутување на граѓанинот при неговото професионално ангажирање во работното време. Ваков распоред на времето одамна е прифатен од страна на научната заедница и претставува модел како да се организира и планира буџетот на времето како основен предуслов за квалитетно живеење во една општествена заедница. Кажано со други зборови ништо не треба да се остава на случајност кога станува збор за човекот како основна единка на секоја заедница. 

Foto by pixabay

1 thought on “Amicorum – мај 2016-бр. 2-стр. 2/1б”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.