Amicorum – мај 2016-бр. 2-стр. 2/1a

Квалитет на живеење

 Светската здравствена организација во 1993 година квалитетот на живеење го дефинира како »перцепција на поединецот за сопствената положба во животот во контекст на културата и системот на вредности во кој живее како и во однос на сопствените цели, очекувања, стандарди и интереси.«

 Квалитетот на живеење е директно поврзан со човековата субјективна состојба и балансот на моралните, интелектуалните, материјалните и влијателните вредности кои треба да ги поседува секоја единка во одредена количина. За да може да се живее одредено повисоко ниво на квалитет на живеење неопходни се надворешни и внатрешни оклоности. Надворешните околности содржат две компоненти. Првата е системот на природната средина во која единката живее, а втората компонента е системот на човековата социјална (во најширока смисла на зборот) средина. Внатрешните околности ги сочинуваат човековите индивидуални карактеристики и сличните карактеристики на микросистемот во кој човекот живее.

Природната средина како систем кој постојано го експлоатираме е релативно обновлив но тоа не значи дека немилосрдно треба да ја искористуваме. Неопходно е онолку колку ја користиме барем во еднаква мерка и да ја заштитуваме. Бидејќи само таквата природна средина може да нуди услов за квалитетно живеење во една општествена заедница.

foto by pixabay

Втората компонента – системот на социјалната средина ја претставува  општествената заедница во која живееме. Токму оваа заедница со своите активности го овозможува повисокото ниво на квалитетот на живеење на секоја единка. Тоа се надворешните околности кои го одредуваат квалитетот на живеење. Често претставниците на научната заедница се сложуваат дека квалитетот на живеење во една општествена заедница го одредува нивото на творечката дејност, тоа е суштината по што се разликуваат разни општествени заедници. Тоа е онаа дејност која пред сè е слободна и овозможува кај поединецот да се развие творечката разновидност.

Продолжува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.