Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 1.

  1. Вовед

Kвалитетот на живеење е предизвик за секоја општествена заедница без оглед какво општествено уредување таа има. Која тежнее преку своите единки да ги зголемува своите вредности со градење систем на вредности кој ќе овозможи секоја единка да го даде својот оптимален придонес. Научните достигања во општествените науки тоа сликовито го покажуваат во одредени општествени заедници, кои овие достигања безрезервно ги применуваат. Најефикасен начин за таквиот придонес е претставен преку ефектна поделба на трудот изразена преку разни професии кои ги создаваат вредностите на една општествена заедница.

 Во општествена заедница со кревка демократија просторот за дејствување и докажување на сите професии е голем и добива можност за нивна побрза примена, која може да овозможи одредено ниво на квалитетот на живеење. Некои професии благодарение на својата монополска положба мислејќи само за себе, овој простор го стесуваат и не дозволуваат да се создава критична маса на единки кои можат применувајќи слободна иницијатива, непречено, креативно да дејствуваат во таа општествена заедница. На тој начин се создава општествена подлога за појава и ширење на девијантни однесувања, кои со тек на времето преминуваат во криминогено однесување, кое претставува сериозна закана за развој и постигање на благосостојба во секоја општествена заедница.

foto by Маринела

ПРОДОЛЖУВА

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.