Магарето и Езоп

„Златото раѓа злато ако човекот умее да го

foto by pixabay

открие количеството што му е потребно за семе.“

Џек Лондон

Насловот на овој пост е позајмен од книгата „Басни“ од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

»Магарето го виде Езоп како оди по полето, гледа што прават животните и по тоа ги составува своите басни и им ги дава на луѓето за поука, па му пристапи и му рече: „Слушаш ли Езопе! Ти често во твоите басни ме спомнуваш и мене, барем напиши дека и јас некогаш сум рекол и сторил нешто умно“. На тоа Езоп му одговори, смеејќи се: „Тогаш јас би бил магаре, а не ти!“.

foto by pixabay

НАРАВОУЧЕНИЕ

Кој сака во некакво пофално дело себеси да се покаже благороден, право е во тоа успех да има и да се труди. „Високоумието доаѓа пред паѓањето“, вели една германска поговорка. Грда игра е тоа и е полна со беда, кога некој се издава себеси за нешто што не е. „Кој не научил занает, нека копа со казма“, советува Фацилид, па и на овој начин може да биде чесен човек. Најнужни нешта се чесноста и благородноста . . .«

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.