Лавот и магарето

„Posramljen kao lisac koga

je uhvatila kokoška.“

La Fonten

Насловот на овој пост е позајмен од книгата „Басни“ од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

                »Лавот и магарето тргнаа во лов. Магарето со своето рикање вознемири и исплаши многу животни и ги натера да бегаат во шумата, а лавот напаѓајќи ги, налови доста. Тогаш магарето, горедееќи се, го праша лавот: „Е, ајде сега кажи ми што мислиш за мојот глас?“ – „Па уште прашуваш – одговори лавот – и јас самиот, да не те знам што си, би се уплашил од твоето рикање!“

НАРАВОУЧЕНИЕ               

Оваа басна се однесува на оние што изгледаат страшни додека луѓето не ги познаваат, а потоа никој не се обѕира на нив и колку тие повеќе рикаат, толку повеќе другите им се смеат. Простакот и детето од сешто се плашат, а малодушниот човек живее во постојан страв како зајак . .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.