Волкот и коњот

Konjima nije potrebna duhovna pomoć.

foto by pixabay

A ljudima je, međutim, sve više potrebna.“

Giovannino Guareschi

Насловот на овој пост е позајмен од книгата „Басни“ од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

»Еден стар волк согледа убав коњ. Не се осмели јавно да го нападне, плашејќи се да не му избега, или да не може да го совлада. Намисли со измама да го придобие. Му пристапи кротко и го праша за здравјето. Коњот го насети лукавството и науми клин со клин да избие. Му рече дека во сè друго е добро, но дека со задната нога нагазил клинец и дека ногата луто го боли. „Тоа е најлесно, дојди, со заби ќе ти го извадам клинецот“. Коњот застана и ја подигна ногата, а кога волкот му пријде близу, го ритна по муцката, му ги распрска сите заби и отскокна низ полето. А волкот остана да вие и да си говори: „Досега си лажел, а сега долага!“

foto by pixabay

НАРАВОУЧЕНИЕ

Вака најпосле ќе му се случи секому кој во неправда, лага и измама се надева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.