Ништо ново 2

„Како ќе излеземе ако пресуши и оваа вода?“

foto by pixabay

Езоп

Магарешка сенка

                Кога еднаш Атињаните го спречувале говорникот Демостен да зборува во собранието, тој им рекол дека сака нешто накратко да им раскаже. Тие замолкнале и тој почнал:

  • Некој млад човек зел лете магаре под наем за да појде од градот во Мегара. Бидејќи на пладне сонцето жестоко припекло, во сенката од магарето посакале да се засолнат и стопанот и момчето, но еден на друг си го оспорувале правото на тоа. Првиот велел дека го дал под наем магарето, а не сенката, а вториот, што го зел под наем, дека има право на сé.

Откога го рекол тоа, Демостен си тргнал. Кога Атињаните фатиле да го задржуваат и да молат да им ја доврши приказната, тој рекол:

foto by pixabay
  • За магарешката сенка, значи, сакате да слушате, а не сакате да слушате кога зборувам за сериозни работи.

Ова е басна од Езоп (околу 620 – 560 г.п.н.е.) објавена за наши прилики во 1966 година, но очигледно дека поучната порака не допреле до свеста на субјектите кои од тогаш до денеска се одговорни за важни општествени прашања во нашава заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.