Ништо ново

„Еднаш навистина дошол волк,

foto by pixabay

но, иако детето викало елате луѓе, волк,

веќе никој не му дошол на помош.“

Езоп

Козата и козарот

           »Козарот се обидел да ја врати меѓу другите козата што се оддалечила од стадот. Откако со викање и свиркање ништо не постигнал фрлил камен и ù го скршил рогот. Потоа почнал да ја моли да не му го кажува тоа на господарот. Таа одговорила:

  • Најбудала си од сите овчари: рогот ќе вика, макар јас и да премолчам.“
илустратор
Глигор Чемерски

Две вреќи

            »Секој човек носи две вреќи: едната напред, другата одзади, а обете се полни со недостатоци. Онаа напред е полна со туѓи, а онаа одзади со сопствените недостатоци. Затоа луѓето своите недостатоци не ги гледаат, а туѓите сосем точно ги забележуваат.«

Светилка

            »Светилката, полна со масло, светела сјајно и се фалела дека свети посилно од сонцето. Кога дувнал ветерот, в миг ја изгаснал. Тогаш, некој човек, палејќи ја повторно ù рекол:

  • Свети, светилке, и молчи! Само светлината на ѕвездите никогаш не гасне.«
foto by pixabay

Ова се дел од басните на Езоп (околу 620 – 560 г.п.н.е.) објавени за наши прилики во 1966 година, но очигледно дека нивните поучни пораки не допреле до свеста на субјектите кои од тогаш до денеска се одговорни за важни општествени прашања во нашава заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.