Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 12-14/4

»Созревањето на една општествена заедница значи вградување на современи форми на капиталистички односи при што кај нејзините граѓани се надминува болеста наречена алчност, во спротивно значи дека ништо со децении не се менува. Историски години, уште колку историски, одлучувачки години треба да поминат за да се разбере дека секогаш ќе постојат рецесии, овакви или онакви препреки кои треба да бидат совладани, но економскиот развој и прогресот секогаш остануваат на второ место поради други многу поважни и поодлучувачки работи. Тоа е основна карактеристика на неодговорност при водењето на работите во општествената заедница.

Секоја злоупотреба на положбата во заедницата за да се ограничи положбата на другите членови во заедницата претставува чин на нехуманост и за тоа треба да се поседува одредено ниво на одговорност. Поради нивната алчност имаме мртва заедница. Кои се тие безлични ликови, што направиле?  Одговорноста со себе повлекува и одредено ниво на развиена свест која знае да ги усогласува правата и должностите на еднаквите граѓани во заедницата. Секакво нарушување на овие односи во заедницата доведува до приоритет на личните интереси.  Дали медиумите можат да ја спасат честа на нашата заедница? Немаат  време да создаваат вредности, но затоа имаат време да ги обиколуваат вредностите. Дали после долгогодишна артичка ноќ во нашата заедница ќе огрее сонце?

Изготвување на  тест на алчност и негова примена претставува вистински предизвик за секој граѓанин кој претпоставува дека поседува интелектуални вредности за ваков потфат. Додека доброволно прифаќање на полиграфско тестирање претставува чин на морална зрелост која резултирала со завидно ниво на интелектуална и морална вредност. Имено овие две вредности се предуслов за создавање на материјална и влијателна вредност на секој граѓанин во стабилна општествена заедница. Алчност за материјални вредности, алчност за влијание, алчност за интелектуални вредности, алчност за морални вредности – воспоставување на нивен баланс е доказ за завидно ниво на интелигенција. Алчноста какоlifestyle на граѓани поединци, во сите пори на заедницата, кои делуваат одлучувачки за прогресивен развој на самата заедница е важен показател за нивото на квалитетот на живеење во таа заедница. Бедно е однесувањето на поединци кои својата алчност ја оправдуваат со потребите на своето потомство. Влегувањето во царските двери на туѓ трошок има само во криминален ум.«

foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.