Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 12-14/3

»Алчноста е навлезена во сите општествени пори благодарение на формулата  → Коефициент на алчност = време х количина х крокодилски солзи поделено со коефициент на интелигенција  –  бројот на вработени

Коефициент на алчност (кА) – овој коефициент за вистинската вредност на една личност тесно е поврзан со општествената положба која ја зазема таа личност. Модел на поединец за пример е оној кој има низок коефициент на алчност, а релативно висока општествена положба. 

Време  (в) – тоа е потребно време, некој да постигне одреден коефициент на алчност. Доколку овој параметар е релативно мал тоа значи дека големи количини на материјални добра има прибирано за себе, а при тоа ронејќи огромна количина крокодилски солзи. 

Количина (к) – Количината на материјалните богатства е во директна поврзаност со употребната вредност на една личност. Тоа се неговите знаења и способноста за стекнување на материјални добра. Секој човек кој држи до своите способности секогаш е со добра волја да ја раскаже својата успешна приказна како дошол до тоа материјано богатство.   

Крокодилски солзи (кс) – овој параметар ја покажува слаткоречивоста дека само на нему му се потребни материјални добра, бидејќи другите и доколку ги поседуваат не знаат што да прават со нив. Инаку многу има разбирање за потребите на другите луѓе, но за него светиња е неговата потреба за алчност.  

foto by pixabay

Коефициент на интелигенција  (Q) – Овој стандарден параметар значи способност за снаоѓање во одредени ситуации на полнолетни граѓани. Не е баш некоја интелигенција за фалење кога врз основа на правење штета на други кои не се во ситуација да ти се спротивстават, создаваш своја мала империја за да ја задоволиш својата алчност. 

Број на вработени (бв) – Една од основните мерки во современиот капиталистички свет е колку луѓе се вработени благодарение на твоите способности и знаења, при што воглавно се подпираш врз сопствените материјални и интелектуални вредности кои ги инвестираш за свој деловен развој. Сето друго оди во домен на крокодилски солзи, особено кога станува збор  за материјалното богатство на општествената заедница со кое располагаат поединци кои треба да ги застапуваат заедничките интереси.

Предходно кажаното претставено со формула изгледа вака:        

foto by pixabay

кА = (в · к · кс) : (Q – бв)«

[П Р О Д О Л Ж У В А]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.