Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 12-14/2

»Тоа многу убаво го изразува Кевин Бекон кога вели дека стекнувањето на пари поради пари е едно од најпродорните зла на овој свет. Никогаш не можел да ги разбере оние наведува Бекон кои поседуваат шест куќи и авион, тоа се само бројки и ништо повеќе. Старите римјани алчноста  ја нарекувале avaritia, на англиски –  greed, на француски –avidité, на германски – Gier, српски – похлепа, на италијански – avidità, на турски – açgözlülük, на албански – lakmi, на хрватски – pohlepa, на руски – жадность, но суштината останала иста да се поседува нешто кое веќе нема никаква можност да задоволи некоја потреба која веќе на некој начин не е задоволена.

Се мисли дека алчноста кон материјалното носи со себе влијание, можеби било така но да се обидеме да се сетиме колкумина од алчните луѓе сега се спомнуваат и колкава е нивната вредност како човечки суштества. Доколку тие кои се во прилика на некаков начин да ја задоволуваат својата алчност не се променат директно не водат во пропаст, пропаст од која тешко се излегува. Алчноста преку државен социјализам не донесе до државен феудализам како општествени уредувања низ кои поминува нашата заедница.

Алчните луѓе се плашат да не го изгубат тоа што не е нивно, тој што може да заработи не се плаши од ништо.«

[П Р О Д О Л Ж У В А]

foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.