Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 12-14/1

Царски двери

Kолку убаво звучи овој израз кој претставува вистинска добрина за нашите уши, но никако да пристигне до нашиот стомак. Како Македонија од водечка економија во Отоманската империја стана непосакуван терет, црна дупка, слепо црево на Европа?  Нашите нозе движејќи се по хамидиевиот пат сигурно нема да не одведат пред царските двери. Хамидевиот пат води директно пред портите на алчноста. Тоа е пат на измами, интриги, немање никакви вредности, подмолност, безкурпулозност, распродавање на заедничките ресурси, крунисана со алчност. За алчните и бескрајноста на свемирот е премногу мала. 


Царски двери
(foto by pixabay)

гиљотина
(foto by pixabay)

Алчноста е луксуз кој ако си го дозволат  татковците на одредена општествена заедница, таа заедница ја водат на економска гиљотина. Среќата е луксуз кој привилегираните избраници на народот, можат да ја подарат на широките народни маси, доколку ја контролираат својата алчност.  Да се обидеме да разбереме што е тоа што може да се направи со 18 милиона евра, а неможе да се направи со 10 милиона евра. Тоа е вечната дилема на секој алчен човек кој по некаков основ дошол до материјални вредности во овој случај до 10 милиона евра. Бидејќи не нашол никаква смисла во тоа, сега се жали дека со 18 милиона евра ќе може да направи големи работи. Така може да се продолжи до бесконечност, секогаш ќе има некоја сума на поголеми пари за која се мисли дека е таа вистинската што ќе овозможи да се направат големите дела. Поентата е со тоа што веќе го имаш на располагање да се постигне одредено ниво на задоволување на потребата за такво материјално богатство.

[П Р О Д О Л Ж У В А]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.