Црниот лебед 3

«„Ова негово однесување и мене не ме чуди, тоа веќе ја почувствува биохемијата која постои меѓу мене и тебе сите овие години, а нејзините благодети бргу ќе ги почувствува во својот живот, сигурност, доволно храна, кров над главата и спокоен сон.“ – додаде стариот даб.

„На мене како да заборавивте и јас ќе го дадам својот допринес во одгледувањето на малото пиленце, кое најпрвин мене ме здогледа во својот досегашен живот и несомнено ја разбра пораката.“ – се огласи езерото, кое исто така имаше последици од безмилосното дивеење на тие несекојдневни самобендисани суштества, кои станаа многу „славни“, бидејќи сите зборуваа за нив, гледајќи ги и чувствувајќи ги нивните „дела“. 

Пораката на која мислеше езерото е една стара јапонска легенда која вели дека на секое суштество кога ќе се роди му се нудат три работи, огледало, меч и злато, но може да избере само една. Во овој случај езерото претставува огледало во кое малото пиле си го видело својот лик. Огледалото е симбол на самозапознавање, мечот е симбол на борбеност, а златото симбол на алчноста. Суштествата кои го опустошија овој предел, кога биле мали некои за себе ги зеле вторите предмети, некои мечот, а некои златото, никој од нив не посегнал по огледалото. Тоа сега го покажале на многу сликовит начин.

Ezero (foto by pixabay)

Како изминуваа деновите, месеците, годините малото грдо пиленце благодарение на стариот даб, вечната планина и мирното езеро симбол на длабина и возвишеност израсна во прекрасен црн лебед, кој сега имаше избор дали да остане во ова прекрасно окружување или да ја бара среќата некаде на друго место, одлуката е лична.

Кога ќе се навлезе во водите на еден успешен живот, не е тешко да се донесе вистинската одлука. Оди полека и подалеку ќе стасаш

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.