Црниот лебед 2

»Што навистина се случи за тој краток временски период. Дојдоа некои непоканети суштества кои гостопримството на сите жители на ова прекрасно парче на земјата максимално го злоупотребија и ги уништија сите нивни благодети кои тие макотрпно ги градеа со години и децении. Стариот даб кој памети многу урагански периоди во својот живот и има претрпено многу оштетувања на своето стебло и гранки ова го нема доживеано, многу негови гранки беа искршени, стеблото па дури и коренот беа оштетени. Додека гордата планина која е многу постара од дабот исто така беше оштетена и на неа се гледаа трагите од немилосрдното дивеење на тие суштества. Суштества кои мислат дека со таквото однесување ја исполниле својата животна мисија „живеј ако ти се живее, ако не… .“

Малото пиле ја почувствува топлината на гласовите кои ги слушаше и затоа се движеше кон нив. Кога дојде до оштетеното стебло на дабот, почувствува некаква сигурност и топлина. Кога ќе бидеш во нечии прегратки ќе ја почувствуваш нивната топлина или одбивност. Таа топлина сега ја чувствуваше грдото пиленце.

„Ха, ха, ха, – се смееше планината, – ова мало бргу почна да учи и побрза во твојата прегратка, првата лекција и без да е свесно за тоа веќе многу добро ја научило. Што побргу обезбеди си сигурно место за живеење и живеј го својот живот, а каде овде има посигурно место од топлината и близината на еден голем стар даб.“ «

foto by pixabay

̶ П р о д о л ж у в а –

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.