Црниот лебед

 

Делото е сè, а славата е ништо“

                                     Гете

                                  

» Гордо стоеше пред мирната површина на езерото и ја посматраше својата витка и цврста става.

                „Како успеав да бидам ова што сум, преку своето динамично минато, атрактивна и ефикасна сегашност се надевам до мојата моќна иднина“ – размислуваше црниот лебед, мавтајќи со своите силни црни крилја на брегот од езерото.

foto by pixabay

Но, дали од секогаш беше така? Во почетокот се сеќава само на темнината која постепено беше заменета со сè посилна и посилна светлина, излегувајќи од своето тесно окружување. Иако ова беше негово прво забележување на околината длабоко во себе чувствуваше дека се има случено нешто многу непријатно. Слушаше некои гласови кои допираа до него и почна да се движи во правецот од каде што доаѓаа тие гласови.

Dab (foto by pixabay)
  • „Погледни овде нешто се движи.“
  • „Каде?“ – запраша стариот даб, свртувајќи го погледот кон моќната планина во чии пазуви живееше толку многу години, мирно и спокојно се до вчера. Тогаш се случи тоа што се случи, тоа што никој не го очекуваше барем никој разумен. Дојдоа некои суштества кои за само еден ден и една ноќ нивното окружување од убаво и пријатно место за живеење го претворија во пекол. Нивната дотогашна девиза „живеј и остави ги другите да живееат“, која многу одамна е запишана во старите книги беше заменета со девизата „живеј ако ти се живее, ако не… .“
  • „Ене таму погледни!“ – одговори планината вечниот симбол на стабилноста и постојаноста покажувајќи во правецот од кој кон нив се движеше едно мало грдо пиленце, но кое очигледно знаеше каде оди, затоа што секој кој знае каде оди секогаш е на вистинското место, а тоа мало пиле несомнено почувствува во кој правец треба да се движи. Кон дабот кој тажно ги гледаше своите рани добиени во еден многу краток временски период, кој во споредба со неговиот долг и спокоен живот изгледаше како капка во водите на езерото, на чиј брег тој многу одамна го започна својот животен пат како мал беззначаен желад, пат кој за само едно деноноќие го смени неговиот правец за деведесет степени.«
foto by pixabay

̶ П р о д о л ж у в а –

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.