„Дел од мојот тим“ 2

»Имаше една поплака во врска со неговото наводно фаворизирање на приватен претприемач со кого неговата сопруга работела некојлку години пред тоа. Откако направивме истрага, произлезе дека таа никогаш не била вработена во фирмата. Подоцна се појави тврдење – од градскиот главен сметководител, кој токму тогаш истовремено беше кандидат за градоначалник – со што Џејсон беше обвинет дека, всушност, претпочитал некој друг претприемач, фирма по име Максимус. Апелациониот суд го отфрли обвинувањето, едногласно реши дека „нема докази за пристрасност… нема докази дека фирмата Максимус добила нефер третман“.

foto by pixabay

            Џејсон беше жртва на тие што преамбициозно очекуваа дека ќе пронајдат нешто што со што ќе го исфрлат од градската власт. Моравме да се пробиваме низ сите тие обвинувања, се обидувавме да определиме дали постои некаква вистина во нив, додека, пак, во исто време не сакавме да изневериме некој што си ја врши одлично работата. Замислете си како би се чувствувал тој што би дошол како замена за Џејсон ако го избркав – наследникот ќе беше уплашен од ситуацијата. Единствено обвинување што држеше вода беше дека Џејсон, кој не потекнува од Њујорк, изнајмувал соба од неговиот пријател по некоја случајност и негов заменик. Тоа технички беше престап, а за мене не беше само тоа бидејќи духот на правилата беше да се одвратат шефовите од принудување на своите потчинети да прифаќаат спогодби од кои на нефер начин добива шефот. Џејсон, сепак, ја плаќал пазарната цена на апартманот. Како и да е, Бордот за конфликти на интереси го казни Џејсон со 6 500 долари, тој ги плати, но подоцна беше остро критикуван од истите луѓе, кои неуспешно трагаа по вистинските прекршоци.

            Ја разгледав ситуацијата. Порано имав шанса судски да гонам владини официјални лица за вистински прекршоци – шеми за збогатување на самите себеси на трошок на народот или шеми со кои добиваа монопол. Секој што работел за мене, знае што мислам околу корумпираноста. Но исто толку цврсто сметам дека не треба поради заплашување да ги напуштаме тие што ја заслужуваат нашата поддршка. Очигледно е дека ако не плаќа некој данок или им се заканува на потчинетите со кратење од платата, тогаш тоа лице не може да остане во градската власт, без разлика колку сум го сметал за лијален или колку добро ја вршел работата. …

… Сфатив дека Џејсон во суштина не сторил ништо погрешно. Како и да е, сигурно дека не му кажав. Одржав прес-конференција и особено ја детализирав каприциозната природа на некои од правилата. Не само што Џејсон почувствува дека го поддржува некој туку и тие што го ловеа со надеж дека ќе го отпуштам или дека ќе го цензурирам, увидоа дека нивното тиранизирање не успеало.

            Бранењето на тие што се нападнати има две цели. Прво, тие што работат за вас и тие што сакаат да работат за вас стануваат посигурни. Нема да ги напуштите. Нема да ги изневерите при првата неволја. Второ, со тоа што му покажувате на светот дека понижениот ќе биде прифатен до толкава мера од ваша страна, го елиминирате поттикот кај тие што напаѓаат.«

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.