„Дел од мојот тим“

Рудолф Џулијани, автор на делото „Лидерство“ на едноставен лидерски начин го искажува својот став: „како треба да се однесува кон луѓето кои се дел од тимот кој е раководен од одговорен предпоставен кој е решен да постигнува забележителни резултати“.  

»… Кога некој околу мене е нападнат на нефер начин, се обидувам со сè што можам да ја укажам важноста на таа личност. Поминувам повеќе време со тоа лице и ако е дел од мојот тим , барам начин да го поддржам или да одржам говор за да укажам колку е потребен.

            Само земете ја предвид алтернативата што ви останува. Лидер што се оддалечува од својот тим при првиот знак за неволја, може да зачува дел од популарноста, но не гледа подалеку од својот нос. На крајот никој нема да сака да работи за некој таков. Луѓето со најголем потенцијал нема да се пријавуваат за ништо бидејќи знаат дека штом ќе се појави проблем, ќе бидат оставени без некаква помош од лидерот. А тие што се веќе во тимот, немаат храброст да дејствуваат храбро – резервираноста ќе им биде поголема кога знаат дека шефот повеќе се грижи за мислењата на надворешните фактори отколку на тие од неговиот тим.

            Земете го случајот на Џејсон Тарнер. Како комесар на градската Администрација за човечки ресурси, тој надгледуваше некои од најуспешните иницијативи во историјата на Америка за доделување работни места на социјалните корисници.     Ричард Шварц и јас почнавме со програмата за социјална реформа, веќе бевме на половина од процесот кога одеднаш се појави Џејсон Тарнер. Тој ја преименува и ја трансформираше од Агенција за социјална помош во Агенција за вработување, со што отворија дваесет и седум центри за работни места во градот. Тоа беше брилијантна и успешна метаморфоза, но беше и енормно контраверзна за либералните кругови во Њујорк. Џејсон беше дел од движењето за социјална реформа во администрацијата на Реган, па затоа имаше многу што му беа лути поради тоа. А бидејќи веруваше, како и јас, во приватизирањето на што е можно повеќе работни места, дури и луѓето што работеа за градот постојано го напаѓаа, со надеж дека Одделот за истрага ќе спроведе истрага за него.« ПРОДОЛЖУВА

foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.