Amicorum – мај 2014-бр.1-стр.5-9/3

Кога станува збор за нашава заедница дијагнозата е поставена уште во XIX век, а таа гласи поради алчноста на тогашните  паши и сатрапи кои упорно го следеле хамидевиот пат. Пат кој нема врска со општественото уредување на една општествена заедница. Тогашниот “болен човек од Босфор” како што турската империја ја нарекувале европските држави во денешно време е пример за “брз” економски раст. Тоа се гледа и од табелата 2 кога во 1990 година Турска има 2.791 $ БДП по глава на жител, а ние 2.225 $ БДП по жител, додека во 2012 година Турска има 10.666 $ БДП по жител, а ние скромни 4.565 $ БДП по жител. Тоа значи дека на “болниот човек од Босфор” му требало многу време да заздравее, додека во нашата заедница само се продлабочува болеста благодарение повторно на алчноста на ликовите кои себе се сметаат дека треба да се носители на развојот на нашата заедница. Разните изми се само лош изговор на неодговорните т.н. претставници на народот, која е нивната намена ако не ја вршат својата работа над педесет години? Со судни маки се обидуваат да ги запрат неповолните трендови кои го кочат економскиот раст на нашата заедница, водејќи не од историска во поисториска пресудна година.

Како мементо се надвиснува над нас ставот на првото новинарско повоено перо Мито Хаџи Василев Јасмин за состојбите на кражби, проневери, шверц во тогашното стопанство кога за секој работно способен член на нашата заедница имало по 2 – 3 работни места. Овој став јасно е искажан во средината на педесетите години од минатиот век. Почнувајќи од тој временски период суштината на  социјалната игра “Не лути се човече” претставува основно начело на народните избраници, секој почнува од почеток сметајќи дека ги повлекува “вистинските” историски потези во интерес на општествената заедница. … Треба да се биде стрплив кога се гради општествена заедница. Економските “шумски пожари” не се гасат со градинарска канта, како што тоа се практикува во нашата заедница околу педесетина години. Економскиот раст на годишно ниво изнесувал 7 – 8 % во педесетите години од минатиот век и до ден денешен не сме ни оддалеку блиску до ова ниво на општествен економски пораст. Резултатите од тоа економско придвижување ги покажуваат податоците на табелата 4. Нашата сегашна економска реалност е прикажана на табелата 3,  а е резултат на севкупните економски “дејствија” во нашата заедница од средината на седумдесетите години на минатиот век до ден денешен со мал исклучок (1989 – 1990). Доколку постојат некакви дејствија за кои не знаеме, а се случувале во тој временски период би било добро некој да ни ги посочи. Карактеристика за овие две посочени години е што тогаш беа создадени  услови за »self made man & woman« да го покажат својот сјај во вистинска смисла на зборот. Сјај кој ја придвижува економијата на секоја земја која создава своја успешна приказна низ годините на своето постоење. Тука пред се мислиме на државите од табела 4 и на некои од државите во табела 2, како Боцвана на пример, Полска или Малезија. За прогресивниот развој на една општествена заедница од пресудно значење е дејството на »β – self made man & woman« кои со својата активност го надополнуваат оној извршен  дел на создавањето на успешна приказна која »self made man & woman« ја имаат осмислено како своја α – работа. Работа за која имаат стекнато формално или неформално образование.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.