Amicorum – мај 2014-бр.1-стр.5-9/2

Р.бр. Држава Година БДП УС $
1. Белорусија 2012 6.685
2. Намибија 2012 5.786
3. Ангола 2012 5.482
4. Србија 2012 5.190
5. Македонија 2012 4.565
6. БиХ 2012 4.556
7. Тонга 2012 4.494
8. Албанија 2012 4.000
9. Украина 2012 3.867
10. Косово 2012 3.568
11. Виетнам 2012 1.755

Табела 3

Табелата 3 прикажува во какво друштво на држави се наоѓаме сега кога се работи за бруто домашниот производ по жител.Само се наметнува прашањето како сме се нашле во ова друштво на држави. Државите со успешни приказни од предходната табела намерно се изоставени. Некои од државите во оваа табела имаат сигурно своја успешна приказна, особено ако на пример кажеме дака во период од 1990 до 2012 година БДП во Виетнам во апсолутна бројка се зголемил за скоро осумнаесет пати, додека кај нас само за два пати. БДП – то на Боцвана, Белорусија, Намибија, Ангола од 2012 година може само да го сонуваме. Прашањето само се наметнува чија приказна е поуспешна? Дали треба да се подсетиме дека на овие простори се произведувало и имало размена со европските држави. Сега ќе покажеме друга табела со исти податоци за да видиме во периодот од првата половина на седумдесетите години од минатиот век  во кое друштво на држави се наоѓала нашата општествена заедница. Веднаш се забележува дека во табелата 4  сме на последно место, а на табелата 3 на средина од табелата. Намерата со овие две табели е да прикажеме дека треба многу организиран напор да се вложува за да се дојде до реален раст на БДП во една општествена заедница.

Р.б. Држава Година БДП УС $
1. Јапонија 1973 1975 3.630 4.042
2. Австрија 1973 1975 3.510 4.608
3. В.Британија 1973 1975 3.060 3.662
4. Чехословачка 1973 1975 2.870 3.404
5. Италија 1973 1975 2.450 2.806
6. Шпанија 1973 1975 1.710 2.595
7. Аргентина 1973 1975 1.640 1.914
8. Португалија 1973 1975 1.410 1.617
9. Југославија 1973 1975 1.010 1.297

Табела 4

Тоа значи работата сработена денеска дава резултати во наредните години, затоа за  табела 4 се дадени две години. Од тука јасно се гледа дека редоследот го смениле првите две држави за само две години. Австрија од второ место доаѓа на прво место, додека Јапонија од прво паѓа на второ место. Тоа  покажува колку е голема конкуренцијата во меѓународната заедница. Какви се предизвици не чекаат во сегашно време за да ја достигнеме Белорусија или да ја поминеме Намибија на ова поле за натпревар меѓу народите. На што се должи таквиот резултат. . . . ПРОДОЛЖУВА

foto by pixabay (Japan)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.