Amicorum – мај 2014-бр.1-стр.5-9/1

»Економска благосостојба

            Tабелата 1 во продолжение покажува како се движи бруто домашниот производ по глава на жител во нашава општествена заедница во услови на “демократски” промени.

Година БДП УС $
1990 2.225
1991 2.342
1992 1.162
1993 1.289
1994 1.717
1995 2.262
1996 2.239
1997 1.875
1998 1.774
1999 1.806
2000 1.748
2001 1.664
2002 1.828
2003 2.286
2004 2.644
2005 2.864
2006 3.133
2007 3.892
2008 4.686
2009 4.434
2010 4.442
2011 4.962
2012 4.565

Табела 1

Со овој податок се покажува економската моќ на населението, која ја утврдува границата на благосостојба, субјективната положба и расположението на граѓанинот во својата општествена заедница. Овие податоци сами за себе кажуваат каков е нашиот квалитет на живеење во изминативе дваесетина години.

Држава година БДП УС $
Албанија 1990 2012 610 4.000
БиХ 1994 2012 343 4.556
Бугарија 1991 2012 1.268 6.978
Хрватска 1990 2012 5.185 13.881
Црна Гора 2000 2012 1.610 7.041
Словенија 1990 2012 8.699 22.000
Србија 1997 2012 2.795 5.190
Романија 1990 2012 1.651 9.036
Турска 1990 2012 2.791 10.666
Белорусија 1990 2012 1.705 6.685
Виетнам 1990 2012 98 1.755
Кина 1990 2012 314 6.091
Чешка 1990 2012 3.787 18.683
Боцвана 1990 2012 2.739 7.238
Намибија 1990 2012 1.660 5.786
Косово 2000 2012 1.088 3.568
Малезија 1990 2012 2.417 10.432
Словачка 1990 2012 2.211 16.847
Тонга 1990 2012 1.193 4.494
Украина 1990 2012 1.570 3.867
Полска 1990 2012 1.694 12.708
Ангола 1990 2012 993 5.482

Табела 2

За да имаме пореална предства за важноста на овие податоци треба да ги погледнеме како тие изгледаат кај други општествени заедници кои се претставени во  табела 2 но само за одредени години. За нас се интересантни сите поранешни држави кои потекнуваат од  Југославија како и некои наши соседни држави и некои држави со кои во почетокот на деведесетите години од минатиот век сме биле на исто или слично економско рамниште. Од податоците наведени во табела 2 може да забележиме дека во сите наведени држави постои невидлива рака – credo in manibus која гради или разградува за тоа одлучуваат вкусовите. Јасно е дека кога се работи за одредена конкретна работа сигурно има поголема сила мислењето на неколку луѓе кои ја разбираат проблематиката одколку мислењата на стотици лаици за таа работа. Тоа се гледа од примерите со бруто домашниот производ на прикажаните држави.

Имаме земји со успешни свои приказни и земји со помалку успешни свои приказни. Во рамките на тие приказни каде ли се наоѓа нашата приказна, која “невидлива рака” нас не води во наведениот временски период. Вредноста на трудот доаѓа до израз само доколку постои општествена поделба на трудот која резултира со зголемување на квалитетот на живеење преку зголемувањето на стандардот. Одговорност на носителите кои се одлучиле да го креираат амбиентот во една општествена заедница е прашање на нивните морални вредности и нивниот капиталистички дух. Од односот помеѓу тие морални вредности и капиталистичкиот дух зависи под какви општествени услови останатите припадници на таа заедница ќе ги задоволуваат своите потреби. Нивото на задоволувањето на тие потреби го одредува и нивото на благосостојба во таа општествена заедница. « … ПРОДОЛЖУВА

foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.