»Имам еден грев«

Ѓорѓи Абаџиев, едноставно, приемчиво, со леснотија во своето дело „Арамиско гнездо“ ги прикажува општествените вредности кои егзистирале во едно време кое одамна е минато свршено. Но дали дел од тие вредности ги имаме сочувано во нашава сегашна општествена заедница? Еве како тоа го има забележано со своето перо овој извонреден интелекуален мајстор.

foto by pixabay

»… Селото на планина или полско е?

  • На планина. Орлово, ако го знаеш.
  • Тоа ти е арно. Спокојство имате таму. Во полето од разни ајдамаци ни трговија можеш да зафатиш ни… Имаше еден орловчанец пред неколку години му го сардисаа на Скеле трлото, стоката му ја опљачкаа… ем го оплјачкаа, ем го погубија човекот. Новета ќаа, не може да не го знаеш ако си од ова село . . .

Мануш трепна и се навали со целото тело кон трговецот.

  • Кој Нове . . . ?
  • Нове ќаата, нема друг Нове ќаа.
  • Јас сум му син!
  • Ти? – Дремливите очи на трговецот силно се раширија и сочувствено, и изненадено се вгледаа во Мануша. – Брате, брате, син си му, велиш? Имам еден грев. . . Ми даде човекот, ама златен човек ти велам, мир да види душата негова, ми даде Нове триесет глави добиток и сто ока волна за панаѓурот во Прилеп. Рисјанин човек, доверба имаше во луѓето, – тој го погледна со крајот на окото стариот Турчин и продолжи: – Се случи, човештина, се позабавив . . . Во тоа време Нове, господ да го прости, загина. Нејсе, ù реков на Новевица, ќе ù ги бројам парите. Ама што може. . . во калпаво царство живееме, брате, – тој погледна на стариот, кој дремеше, а белата долга брада му го покриваше лицето на детето. – Меѓу Прилеп и Битола, сред пат, банда некаква, јаничар некој ја водел, отцепник јаничар, ми го нападна караванот. – Трговецот затраа. По некое време рече:
  • Си му ја одрал кожата на татка си. Те гледам јас, познато лице, па се сетив на Нове. Дебели веѓи, мустаки исти, цел Нове. А ти да му бидеш син. Баш ми е драго. Да си жив. Ќе останеш еден ден кај мене. Не, ќе останеш! Нема да избега селото. Мајка ти велиш? Ќе дотрае, море, мачешки, се душите на жените. Ем, ем ќе ти се разборчам, ем . . . Треба да се одмориш. Баш сум задоволен дека те сретнав. На срце ми тежеше туѓата пара. Баш сум среќен, ем ќе си починеш, ем . . . «

1 thought on “»Имам еден грев«”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.