Литијска гасеница

„Без застанување и запирање ќе одам напред и ќе давам сè од себе, сè додека не дојдам до конечниот физички крај.“

Норман Винсент Пил

                Секогаш треба да се има избор, што мислите за одењето по дно, пауште ако има дупло дно, му нема крај на бесцелното талкање. Можеби е подобро како литијските гасеници кои имаат навика да се закачат една за друга и да се движат во круг иако во средината ја има хранат која тие најмногу ја сакаат, но една од друга не се откачуваат и се подготвени до изнемоштеност да се движат веќе по поминатата патека, само затоа зошто се закачени една за друга. Што е подобро одење по дно или движење во круг? Одлуката секогаш е лична. Решението е сосема трето, одлепи се од дното и почни да се движиш нагоре или откачи се од старите навики и појди кон неопходнта храна, без оглед на цената, бидејќи на крај движењето напред се исплатува.

foto by pixabay

                Каква судбина би одбрале вие за вашето дете, онаа од приказната за отпуштениот деловен човек или онаа за деловниот човек кој даде оставка. Почетокот и крајот на двете приказни се слични, се разликуваат само во средината. Што е подобро, успешна кариера од 18 години вложен труд и напор по кои следува отпуштање или успешна кариера од 10 години вложен труд и напор по кои се поднесува оставка, но е сочувано достоинството. Одлуката е секогаш лична. Најдобро е секогаш да има некое решение кое ќе содржи елементи од двете одлуки, а тоа значи никогаш не пиј вода само од еден извор, постојано барај се до неговото наоѓање и друго решение. Нормално е првин пиеш од еден извор, потоа наоѓаш друг поквалитетен но и понатаму не го отфрлаш целосно првиот извор. Секогаш имај најмалку две решенија, тие се тука само треба да се најдат, а се наоѓаат ако постојано се трага по нив.

                Сите со завршување на формалното образование, го добиваат својот брод полн со знаење но не добиваат компас во кој правец да пловат со својот брод, за да можат спокојно да пловат по мирни води до својата омилена дестинација, удобен, спокоен, достоинствен и исполнет живот. Туку се оставени на милост и немилост да пловат по непредвидливи води на животот, фрлени на маргините од ова окружување. Бродот оптеретен со живот, а кој не е товарен со сопствен труд, подложен е на секој ветар.

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.