Amicorum – мај 2014-бр.1-стр.4-5

Да не се заборави

Pазвојот на производните сили во почетокот на XIX век допринесува за побрз развој на нашите градови. Како пример ќе го земеме Велес кој во 1807 година имал 10.000 жители. Станува збор за период кога после револуциите во Америка и Франција во тој период во Америка движечка работна сила биле робовите, а во Франција владеело »царското« семејство Бонапарта. Карактеристично е тоа што во тој период во Велес имало над 150 предплатници на пишаниот збор. Синовите на видните граѓани од Велес оделе на школување по европските центри тоа значи дека просветата високо се ценела. Според наодите на академик Харалампие Поленаковиќ во Велес постоеле и приватни библиотеки. Дали знаеме колку денеска има приватни библиотеки во Македонија? Благодарение на таквиот стопански развој трговскиот биланс со земјите од Европа бил на завидно ниво. Така од Англија колку се увезувало во иста вредност се извезувало, слична ситуација била и со Русија и Франција. Додека кога станува збор за германските земји и Италија извозот од Македонија кон нив бил значително повисок. Кон Италија скоро два пати поголем, додека кон германските земји повеќе од три пати. За сегашни услови ова изгледа како невозможна мисија да се има таква економска размена со овие европски земји. Какви производи тогаш произведувала Македонија?

foto by pixabay

Кои биле потребни на овие европски земји? Само да се подсетиме се работи за производство во XVIII  и првата половина на XIX век. Памук, волна, свила, разни животински кожи, зрнеста храна, тутун, дрвени градежни материјали,  тоа била стоката која се произведувала овде и се извезувала наведува академик Данчо Зографски. Овие податоци само кажуваат дека на овие простори се произведувало, се работело, се заработувало преку создавање на вишок материјални вредности. Зошто сега ситуацијата е толку поразличита од тој временски период? Додека другите оделе напред ние сме назадувале, при што секогаш се наоѓаат причини зошто тоа е така кај нас, а зошто е поинаку кај другите. На ниту една општествена заедница никој нешто ѝ подарува, тука самата применувајќи ги принципите на моралните вредности  и капиталистичкиот дух е на тоа рамниште на кое се наоѓа. Само да забележиме дека имало луѓе на овие простори кој знаеле тоа да го направат во тие интензивни почетоци на развој на капитализмот. Најпознати деловни фамилии од тој временски период се Хаџи Константинови, Думба, Робеви, Хаџи Тоцили, Ќурчин Кокале, Дамјановиќи кои ги продлабочувале своите врски со странството и ја проширувале трговијата. Дали имаме  луѓе со такви карактеристики во сегашно време? Тоа се луѓе кои се нарекуваат »self made man & woman«. Таквите луѓе применувајќи ги принципите на морални вредности поврзани со капиталистичкиот дух се носители на прогресот на секоја општествена заедница.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.