Amicorum – мај 2014-бр.1-стр.3-4/2

„Пријатно је стећи ловорове венце,

свеједно, ─ пером или крвљу.“

Лорд Бајрон

»Работите почнуваат да се менуваат во оној момент кога почнува засилено да навлегуваат капиталистичките производни односи. Овие односи во денешниов современ свет се наоѓаат на највисоко можно ниво благодарение на развојот на природните и техничките науки. Општествените науки иако се движат со поспоро темпо сепак денеска во некои општествени заедници се на завидно ниво. Ниво кое нашата заедница може само да го сонува во овој милениум кој е пред нас. Само се наметнува прашањето зошто е тоа така, кога историски гледано не толку многу одамна населението на овој простор било во предност пред населението во поголемиот дел на тогашна Европа.  Ова академикот Данчо Зографски го објаснува  со фактот дека тогашната ориентална управа на овие простори е непомирлива со навлегувањето на капиталистичките односи на овие простори силно држејќи се до феудалните принципи. На овој начин создаваните вишоци на вредност не биле сигурни од алчните застапници на турската власт.  Одсуството на основниот услов за акумулација на капиталот, безбедноста на личноста и приватната сопственост не овозможиле создавање на општествена заедница со капиталистички предзнак. Овде станува збор за временскиот период од втората половина на XIX век до ден денешен. Овој период е одбележен со тоа што населението веќе неможе со својот  труд  да ги задоволува своите основни потреби. Почнувајќи од  тој временски период  алчноста ги достигнува денешниве библиски вредности. Вредности кои го кочат севкупниот општествено – економско – социјалено прогресивен  напредок на нашата заедница која се движи по хамидевиот пат. Повеќе од едно столетие економско – социјалниот статус на граѓаните во нашата заедница се држи на мраз. . . резултатот на оваа општествената еволуција е опашката да го мафта кучето.«

Tекстот е преземен од списанието „Aмикорум“ – граѓанско списание за квалитетот на живеење, од првиот број кој е објавен во мај 2014 година, одговрен уредник е Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.