Amicorum – мај 2014-бр.1-стр.3-4/1

„Od nas je trebalo stvoriti novo pokolenje,

zdravih, snažnih, vrednih, odlučnih i

nepokolebljivih graditelja novog sveta.

Našim očevima pripala je mnogo dekorativnija uloga

─ da sruše stari.“

 Momo Kapor

»Економско-социјалната положба на граѓанинот од нашата заедница во минатото и сега

Eкономско-социјалната положба на граѓанинот во една општествена заедница најдобро се забележува преку неговиот работен ангажман и нивото на потребите кои ги задоволува со така стекнатите материјални вредности. За време на значителен дел од турското владеење на просторот кој го населуваме денеска преовладувало земјоделско произвотство. Кога станува збор за таков облик на производство во XVI, XVII, XVIII и првата половина на XIX  век нашиот тогашен граѓанин своите потреби ги задоволувал со сопствено производство. Во тој временски период многу малку се произведувало за потребите на пазарот. Тоа малку претежно се нудело преку стокова размена.  Доколку зборуваме со современиот економски речник во тој долг временски период нашите предци не биле увозно зависна економија. Доколку  би произведувале повеќе земјоделски производи тие не им биле потребни немале што да прават со нив, бидејќи биле крепосни селани не биле мотивирани за создавање на вишок на капитал.  Во тој временски период економската полжба на населението  не била многу тешка и неподнослива каква што станува во втората половина на XIX век, а што е интересантно таа трае и до ден денешен со мали временски периоди како исклучоци. Добро е да напоменеме дека во тој ист временски период  материјалната положба на населението во феудална Европа била многу потешка. Македонскиот селанец бил во предност пред европскиот селанец кој бил изложен  на големо насилство од своите владетели. Населението на овие простори се додека ја исполнувало  својата даночна обврска кон тогашните турски власти имале недостојна социјална положба но таа матерјално била многу подобра одколку во тогашната феудална Европа. Турските власти со данокот кој го добивале од населението во потполност ги задоволувале своите потреби. Ваквата состојба на задоволување на потребите на поединецот и потребите на власта е одржлива во феудален општествен систем, кога секоја единка го знаела својот општествен статус, кој неможел да се менува во тие општествени услови. …« ПРОДОЛЖУВА

Ова е текстот се наоѓа во списанието „Aмикорум“ – граѓанско списание за квалитетот на живеење, во првиот број кој излезе во мај 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.