Западни вредности

foto by pixabay

Во нашата заедница ликовите се црни или бели,

меѓу нив нема ништо, но затоа сите тие се историски ликови,

спасители кои нé спасуваат од товарот на материјалните вредности.

Мирослав Андреевски

Теодор Драјзер доајен на интелектуалното перо кој потекнува од американскиот континет, на оргинален начин во своето дело „Американска трагедија“ во следниов извадок ги представува основните „западни вредности“.

» … Дали може да донесе препорака од каде што работи сега? Може.

Г. Скваерс натаму објасни дека овој хотел бара голема строгост. Многу момчиња поради сцените и ревиите тука, поради контактот со луксузот на кој не се навикнати – иако г. Скваерс не ги употреби овие зборови – беа склони да ја изгубат главата и да погрешат. Тој постојано мора да ги отпушта момчињата кои, поради тоа што добиваат малку повеќе пари, не знаат да се однесуваат. Тој мора да има момчиња што сакаат да бидат учтиви, брзи и точни спрема секого. Тие мораат да бидат чисти и уредни како лично така и во облеката и да бидат точни – во минута – и секој ден во добра форма за работа. И секое момче што ќе помисли дека поради тоа што спечалило малку пари може да флертува со некого или да одвраќа, или да оди на ноќни забави, а потоа не ќе дојде на време, или ќе дојде преморен и не ќе може да биде брз и ведар, не треба да мисли дека долго ќе остане тука. Ќе биде отпуштен, и тоа веднаш. Нема да толерира никакви глупости. Тоа мора да се разбере сега, еднаш за секогаш.

foto by Marinela

Клајд често кимаше со глава одобрувачки и вметнуваше неколку искрени „да, господине“ и „не, господине“ и најнакрај го уверуваше дека најдалечно во неговите мисли и неговиот темперамент е да сонува за какви и да било високи злосторства и прекршоци како што ги оцрта тој. Г. Скваерс, тогаш продолжи да објаснува дека овој хотел плаќа петнаесет долари месечно и храна – во трпезаријата за послуга во сутеренот – на секој белбој во секое време.« ПРОДОЛЖУВА

„Американска трагедија“ од Теодор Драјзер за прв пат е објавена во 1925 година. Основните западни вредности:

  1. Потреба од професионален однос кон работата (Тоа мора да се разбере сега, еднаш за секогаш),
  2. Начинот на плаќање за така извршена работа.

оргинално ги „оцртува“ преку ставовите на наведените ликови во овој извадок. Секоја општествена заедница која тоа го сфатила благовремено со џиновски чекори оди кон својот прогресивен развој, како заедница на слободни граѓани.

1 thought on “Западни вредности”

  • Професионален однос и плаќање за извршената работа. Не ми е јасно што овде има нејасно и зошто така не се прави кај нас?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.