Фактор алчност

foto by pixabay

Krivci ne mogu tako lako uspavati svoju opterećenu savjest.

Zločin više lebdi u mraku nego na svjetlu.

Stale Popov

            »Ова правило е за да не ги уништувате добрите работи. Чест пример за стрвноста во корпоративниот свет се бизнис трошоците. Ако потрошам јас пари за бизнис или ако земам колега на ручек, слободно можам да ги припишам тие трошоци како трошоци на бизнисот. Факторот алчност се појавува кога некој претерува со пресметките за трошокот на тоа патување или на тој ручек. Тогаш целиот систем е загрозен. Земањето повеќе пари отколку што е овластувањето, претставува некаква форма на силеџиство. Не ни треба измамата да биде очигледна. Понекогаш луѓето можат да ги надминат легитимните трошоци. Нема да помине долго време пред компанијата да преземе строги мерки и да воведе ограничувања што ги попречуваат дури и оправданите и разумни трошоци.

foto by Marinela

Во власта, прифаќањето подароци доаѓа одвреме-навреме. Ако не се на никаков начин вклучени во меѓусебен бизнис, тогаш не постои проблем за подароци, но наскоро луѓето ќе почнат да прифаќаат подароци од оние што имаат бизнис со Владата. Потоа подароците стануваат поголеми. На крајот тие веќе воопшто не се подароци, туку мито, а потоа и изнудување од владиниот персонал. Па така, една соодветна и важна човечка практика – давањето подароци – преминува од убава работа во замрсеност на регулативите. Сето тоа поради факторот акчност

Мајстор на интелектуалното правно перо Рудолф Џулијани автор на делото „Лидерство“, од свое лично искуство дава конкретен совет. Совет кој за корисниците на општествениот алат, доколку имаат нешто малку човечко во себе, може многу да им користи. Одлуката секогаш е на единката сама да одлучи – што ќе прави.

1 thought on “Фактор алчност”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.