Општествениот алат и неговата употребна вредност 2

foto by pixabay

Svijet prestaje na kraju

svetla vaših farova.

Harold Robbins

 

Криминалистичките истражители над сите криминалистички истражители Водинелиќ & Алексиќ во скриптата „Криминалистичка методика“ објавена 1987 година, на едноставен начин даваат свој став за сторителите на кривични дела во стопанството. Ако се обидеме тоа да го протолкуваме со сегашен речник значи сторители на кривични дела кои располагаат со општествениот алат, а при тоа својата положба ја злоупотребуваат. Таа злоупотреба подразбира низа на сторени кривични дела поврзани со општествениот имот и буџетските средства.

»Стопанскиот криминалитет го извршувале лица од сите возрасти, од 18 до 68 години старост, а што приближно се поклопува со времето во кое тие се наоѓаат во работен однос.

Еве како се движел бројот на кривичните дела во стопанството во испитуваниот период (1978 – 1982) со оглед на возраста на нивите извршители:

Години на старост

Процент на извршени кривични дела

18 до 20 години

21 до 30   -/-

31 до 40   -/-

41 до 50   -/-

51 до 60   -/-

Преку 61  -/-

2,8%

48,5%

25,8%

15,8%

6,3%

0,8%

Гледано според апсолутниот износ најголем број на кривични дела во стопанството извршиле лица на возраст од 21 до 30 години, па потоа од 31 до 40 години. Тоа е време кога човекот е економски, физички и психички најактивен, а и време во кое се решаваат и семејните прашања и се стекнува имот. Од дадените податоци се гледа дека голем број на кривични дела во стопанството ги извршиле лица токму на таа возраст.

За образовното ниво на извршителите на стопанските деликти во Белград е карактеристично дека најголем процент има средно стручно образование. Многу мал процент околу 15% од сите извршители на овие кривични дела е со образование до четврто одделение на основно училиште и тоа воглавно се однесува на извршители на кривични дела кражби на штета на општествен имот.«

Веднаш е забележливо дека во тој период најголем број на тие кривични дела (74,3%) ги направиле вршители на општествена функција на возраст од 21 до 40 години. Тоа значи дека и тогаш и сега воглавном голем број на тие извршители на таа возраст се уште покажуваат морална неодговорност кон преземените општествени обврски. Тоа е поврзано и со нивото на нивното образование, само што за сегашноста може да се каже дека без оглед на високите академски титули огромен број на носители на општествени функции се уште имаат многу ниско ниво на општествено морална одговорност. Тоа можеби се должи на нивниот развиен феудален менталитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.