Клуб „не лути се човече“

Среќен е тој што е далеку од лошите дела.

Хорацие

foto by Marinela

»Ќе си дозволам да те потсетам дека ние не сме клуб „не лути се човече“ и дека во службата ниту се влегува ниту се излегува со предавање на некоја проста молба. Овој разговор го водевме веќе многупати досега и, да бидам искрен, ме повредува твојот став. Поради тоа што те познавам подобро отколку се познаваш ти и поради тоа што те ценам, ти одобрив две седмици одмор да здивнеш и да медитираш за својата иднина. Разбирам дека си изморена. И јас сум. Сфаќам дека понекогаш не ти е ќеф она што го правиме. И мене не ми е, ама тоа е наша работа и наша должност. Сето тоа го знаеше уште од почетокот.

  • Тогаш, кога влегов во оваа работа, имав седумнаесет години. И не влегов затоа што ми се допаѓаше.

Ленардо се насмеа како горд учител пред најбрилијантниот ученик што го имал досега.

Во овој дел од делото „Лавиринт на духовите“ од Карлос Руиз Зафон, кое е објавено во 2016 година, слободно може да ги донесеме следниве заклучпци:

  1. Дека секој кој сака да располага со општествениот алат на една општествена заедница не влегува во клуб „не лути се човече“. Каде што може да се правда дека не знае да го користи тој алат и да смета на изразот „немој да се лутите не знаев“.
  2. Дека за располагање на општествениот алат не се поднесува молба за неговата употреба, без оглед на сопствените професионални квалификации. Туку напротив треба добро да се познаваат работите и како тие работи се решаваат со расположивиот општествен алат.
  3. Може да се случи понекогаш погрешно да се употреби алатот, но тогаш пожелно е да се земат максимално две недели одмор да се размисли дали некој е за таа работа или не е. А не упорно да седи со години и децении и општеството да се води во погрешна насока.
  4. Сето ова треба да се знае пред самиот почеток, а не да се оди „бос в трње“, само ради задржување на општествениот алат во свои раце.
  5. Изговорот дека некој е млад за оваа општествена положба, многу убаво ја негира Карлос Руиз Зафон кога вели: „Твојата душа е стара“. Значи без оглед на бројот на годините за извршување на ваква сложена општествена задача неопходна е „стара душа“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.