ЈАС СУМ ОДГОВОРЕН

Нема скромни книги,

туку величенствени незнаења“.

Карлос Луис Зафон

                »Сите лидери имаат привлечни слогани на своите работни маси; многумина од нив веруваат во нив. Мојот слоган од три збора искрено ја прикажуваше целата моја филозофија: ЈАС СУМ ОДГОВОРЕН. За време додека бев во Градското собрание дадов сè од себе да направам тие два збора да бидат основа за сите вработени, започнувајќи од себе. Во мојата кариера се држев до одговорноста – замислата дека луѓето што работеа за мене имаат одговорност кон оние за кои работиме – беше камен-темелник. А тој принцип почнуваше од мене.

foto by pixabay

Општествениот договор е меч со две сечила. За мене беше привилегија да работам за власта. За возврат, имав обврска да ги извршам своите обврски чесно и ефикасно. На пример, за време на моите два мандата, секој месец одржувавме градски средби, секогаш во различни предградија. На секоја средба ја водев сета градска власт – комесарите од сите агенции, сите мои заменици и уште неколкумина членови на администрацијата. Ќе зборував некоку минути, а потоа дискусијата ќе ја префрлев на публиката, која имаше можност да поставува прашања. Многу од прашањата се сведуваа на поплаки во врска со искршени учични светилки или општи прашања, кои се чинеа нефер. Наместо да ветам дека „некој ќе ви одговори наскоро“, ќе го упатев лицето што го поставува прашањето да му се обрати на комесарот што е одговорен за таа област. …

… Повеќе од секој друг, лидерите треба да го ценат тоа што ги сфаќаат како одговорни. Ништо повеќе не ја подигнува самодовербата во еден лидер отколку желбата да преземе одговорност за она што се случува во неговиот мандат. Некој може да додаде дека најдобар начин да се изгради цврст став за висок стандард на работење за вработените е и самиот газда да се држи до уште повисоки стандарди. Тоа е вистината за секоја организација, но е од особено значение за власта

Насловот на овој пост е позајмен слоганот од Рудолф Џулијани, кој го користел во своите два мандата како градоначалник на Њујорк. Како прв административец во тој период на неговото работење овој слоган му бил „ѕвезда водилка“ како се управува една огромна администрација. Во своето дело „Лидерство“ на многу едноставен и сликовит начин го опишува своето работење како прв граѓанин на Њујорк. Ова дело е објавено во 2002 година, пожелно е добро да го запознае секој прв административец во една општествена заедница

1 thought on “ЈАС СУМ ОДГОВОРЕН”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.