Општествениот алат и неговата употребна вредност

Професијата криминалист – интегритет и прагматичност

„… Њутн се природно, трудио да његову књигу

разумеју и читају. … Да су „Принципи“ писани помоћу

методе флуксија и квадратура они би за већину

научника, Њутнових савременика, остали

књига са седам печата.“

С. И. Вавилов

Скриптата „Криминалистичка методика“ објавена 1987 година, од професорите Водинелиќ & Алексиќ иако  не е книга со седум печати, до ден денешен останува неразбирлива за многумина кои по својата академска титула би требало многу добро да ја познаваат оваа проблематика. Проблематика која би требало да биде применета при разрешување на  „убиството“ на владеење на правото во нашава општествена заедница. Решавањето на ова „убиство“ многу ќе допринесе нашиот општествен алат да ја добие онаа своја употребна вредност, која е неопходна за постигање на благосостојба во нашава општествена заедница. Затоа соодветните субјекти нека се подсетат како се води истрага за конкретно „убиство“. Во нашиов случај „убиство“ на правдата.

»Кој имал мотив за убиство?

Разјаснувањето на ова прашање претставува одредено помошно средство за брзо пронаоѓање на извршителот, особено тогаш кога мотивот сигурно ни е познат.

  1. Кој имал ист мотив како убиецот?
  2. Кој можел да има било каков мотив?

Дали осомничениот (обвинетиот) имал мотив за делото?

Мотивот како индиција има големо значење кога единствено виновникот можел да има мотив или барем, освен него, мал број на луѓе.

foto by Marinela

За да ја дополниме мозаичната слика на докази со помош на индиции (т.н. составни докази) мораме да утврдиме дали осомничениот имал мотив за делото. Кога мотивот не е докажан или барем веројатно утврден, имаме секогаш причина потполно да не веруваме на останатите обвинителни резултати на иследувањето.

  1. Дали осомничениот (обвинетиот) имал поттик за убиство?

Доколку мотивот е нејасен треба да се бара и во насоката на жената (ou est la fame? chersher la feme?). Кога убиството го извршува женско лице добро е да се запраша, каде е машкото? Да се помислува и на уценатото лице како на убиец?

  1. Дали мотивот навистина имал толкава сила колку е потребно да го натера осомничениот (обвинетиот) на извршувањето на делото?

За да можеме ова да го разбереме мораме подобро да ги објасниме сите околности кои се поврзани со мотивот. Често ни се причинува како човек со здрав памет не можел врз основа на така мали околности да изврши убиство. Кај разјаснување на ова прашање треба да се стои на точката на гледање на самиот извршител. Мотивите секогаш се индивидуални. Поттикот делува различно на разновидно настроени луѓе. Чесен човек тешко ќе загази во злочин и при најдобри изгледи на многу богат плен и кај мал ризик. На криминалецот ќе му биде пак доволен и најнезначаен поттик и тоа под многу понеповолни услови. Сопирачките кои во борба на мотиви се спротивставуваат на поттикот на убиство, се различни по сила и интензитет кај разни луѓе. Каде разузданите страсти завладеат со чувствата и волјата таму сопирачките сосема се губат.«

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.