Декадентна научна заедница

ДЕКАДЕНЦИЈА (нлат.), опадање. Декадент, књиж., присталица нарочитог ум. правца с краја 19. в. – СВЕЗНАЊЕ, стр. 554, дали до денеска е променето значењето на овој збор? За одговор на ова прашање може да ни послужи овој текст од делото „Железната пета“ напишано од величенствениот Џек Лондон, објавено во 1908 година.

» … Тој се заљуби во пролетерскиот живот. Нашиот сиромашен крај за него беше како некоја голема социјална лабораторија и тој, како што изгледа, се впушти во бескрајната наслада на истражувањето. Тој се дружеше со работниците и кај многумина одеше дома како стар пријател. Ги работеше сите можни работи и тие работи го интересираа исто како научното истражување, бидејќи се насладуваше во нив и дома се враќаше со многу забелешки и пресреќен поради новите доживувања. Беше совршен научник. …

… Работеше и како ноќен чувар, продаваше компир на улица, лепеше етикети во фабриката за конзерви, во картонажата работеше како работник за сите работи, носеше вода на група работници кои ја градеа трамвајската линија и, дури стапи во здружение на мијачи на садови малку пред да се растури. …

… Со Ернест секаде можев да бидам среќна, а татковата среќа во нашите изменети околности само ја дополнуваше мојата среќа.

foto by pixabay

Кога бев дете“, зборуваше татко ми, „јас бев многу љубопитен. Сакав да знам зошто и како се одвиваат работите. Затоа и станав физичар. Животот кај мене и денес предизвикува љубопитство како и кога бев дете и тоа љубопитство животот го прави да се живее“.

Понекогаш ќе се осмелеше во отмениот крај на Сан Франциско, во крајот на елегантни продавници и театри, каде што продаваше весници, да работи курирски работи, пред локалите на отмените господа да ги отвора колите. Еден ден, затворајќи една кола, наишол на г. Виксон. Вечерта со огромно задоволство ни ја раскажа таа случка.

„Виксон остро ме погледна кога ја затворив вратата по него и промрмори: Гледај, те молам! Токму така рече: Гледај, те молам! Поцрвене и толку се збуни што заборави да ми даде бакшиш. Но веројатно брзо се прибра, бидејќи колата не отиде ни неколку метри, кога ја сврте и ја врати и се подаде на вратата.

Слушајте професоре, рече, тоа веќе нема смисла. Што можам да сторам за вас?“

„Јас за вас ја затворив вратата на колата, му одговорив. Според стариот обичај можевте да ми дадете бакшиш“.

„Оставете го тоа“, налутено одговори, „јас мислам нешто сериозно“.

„Зборуваше сериозно. Сигурно го трогнала неговата скаменета совест, или така нешто, и така јас, еден момент, серозно размислував“.

„Неговото лице се претвори во очекување кога го започнав својот одговор, но требаше да го видите кога го запрашав“.

„А што рече тој на тоа?“ брзо го запрашав.

„Што можеше да каже? Ништо не рече. Но тогаш му реков: Се надевам дека сте среќен. Тој ме погледна сомнително. Пак му реков: Кажете ми дали сте среќен?“

„Тој му викна на кочијашот да тера и, се одвезе, страшно пцуејќи. И не ми даде бакшиш, а за куќата и акциите и да не зборуваме. Ете ти, мила моја, скитничката кариера на твојот татко полна е со разочарувања“.«

Представниците на научната заедница од овој краток приказ самите треба да извлечат заклучок, каде се наоѓаат тие денеска како сериозни научни работници во нашава заедница. Или се обични носители на академски титули, кои самите не знаат да ги употребуваат за прогрес на својата заедница. Или едноставо ги имаат само за да ги уживаат општествените привилегии кои доаѓаат со една таква академска титула. Исто како што вели Џек Лондон се надевам дека тие денеска се „среќни“ граѓани во нашава општествена заедница. 

1 thought on “Декадентна научна заедница”

  • Да тие се многу среќни, за останатите не им е гајле, тоа е нашата заедница денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.