Феудален менталитет 2

»… Kriza je pojava koja traje od samog postanka ove države i trajaće sve dok država ustraje, kao ono kad se dete rodi „s falinkom“ pa je vuče celog života. …«

foto by Marinela

Неповторливиот Бранислав Нушиќ со овие свои мисли напишани во неговата книга „Autobiografija“ која првпат е објавена во 1924 година, како да најавувал дека ние како држава постојано ќе бидеме во криза. Овде посебно внимание посветуваме на делот на кризата кој се однесува на строгото практикување на „феудалниот менталитет“ од страна на нашите државници. Иако тие имале можност и обврска да се запознаат со карактеристиките на феудалниот менталитет, особено со оние кои се обработени во книжевни дела. Така на пример К.В.Островитјанов во својот труд „Феудалниот поредок“, кој труд кај нас е објавен во 1946 година. Сигурно тоа не е случајност туку намера тогашните „државници“ да се запознаат со овој општествен поредок и негативните страни да ги отфрлат додека позитивните да ги практикуваат во реалната општествена заедница. Еве што меѓу другото членот – дописник на Академијата и науките на СССР К.В.Островитјанов има забележано:

»… Во уставот на германскиот цех на качарите од 15 век се велеше: „Ако некој од брајката окриви, ослепи или остари, и како последица на тоа се најде во мизерија и не може да си ја вади живејачката… , тој има право да добива од братската благајна по 8 моргони на ден, додека господ му даруе живот. …«

Оваа феудална карактеристика јасно била предочена на тогашните „државници“, но овие позитивни граѓански права од Средниот век, сеуште неможат да заживееат во наши современи општествени услови. Но затоа на голема врата имаат заживеано оние феудални карактеристики кои Ѓорѓи Абаџиев во своето дело  „Арамиско гнездо“ вака ги опишува:

»… не сакаше и да знае за ситната царска пара. За друго се кандиса тој. Под облеката на царски човек … ја вршеше поспокојно својата арамиска работа. …«

Затоа на оние свои „државници“ кои им дале „облека на царски човек“ во знак на голема благодарност постојано ги опсипуваат со овие зборови: » – Сонувај везирски соништа! – « Навистина оргинално Ѓорѓи Абаџиев ги представил многу одамна сегашните општествени прилики во нашава заедница. Прилики кои треба што побргу да се заменат со прилики кои се соодветни на денешнава реалност. 

3 thoughts on “Феудален менталитет 2”

  • Денеска истотака под облеката на „царски човек“ поспокојно се врши арамиската работа, за друго и не ги бива.

  • И денеска „царските луѓе“ не сакаат да знаат за ситна пара.

  • Таа „фалинка„ се „царските луѓе„ никој од нив ништо не бара а тие за се одлучуваат погрешно, за ништо не одговараат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.