Морал – тоа е односот кон заедницата

foto by pixabay

»Во нашиот стопански и општествен живот секојдневно се судруваме со еден тип на појави што ја возбудуваат и огорчуваат нашата јавност. Ако зборуваме за стопанството, тогаш, покрај појавите на кражби, проневери, шверц, приватно работење со средства на заедницата (за производство или финансиски), кои спаѓаат во криминалот што се гони кривично, доаѓаат уште и појави што ја оштетуваат заедницата, а што произлегуваат од особениот начин на стопанисување на одделни производни или трговски претпријатија. Тоа се појави на шпекула или на конкуренција сфатена на стар начин, … Постојат и низа други најразлични прекршоци во областа на наградувањето на трудот, што изразуват малограѓанско-примитивистички тенденции за уравниловка или бирократски настраности во себепремирањето „на легален начин“ со средства од претпријатијата, што неизбежно се одразува врз продуктивноста на трудот. … , за сентиментален однос … кон „сопствените“ криминалци или за појавите на пример, на „благо судење“ (како се изразува јавноста за извесни пресуди) против пљачкосувањето на заедницата од вакви декласирани типови

И во други области на општествениот живот се судруваме со појави што предизвикуваат оправдан револт на работните луѓе: … од недостиг на свест за интересите на заедницата; бирократска бездушност на одделни чиновници што ги шетаат работните луѓе од една канцеларија во друга; … бескурпулозниот кариеризам и безпринципиелност на кадровскиот подбор и развиток на извесни сектори на културниот фронт; појавите на чиновнички однос кај еден дел од просветните работници кои држат часови, но ниту знаења предаваат ниту ги воспитуваат нашите нови генерации, итн. итн.«

Авторот на погоре цитираниот текст веќе 50 години не е меѓу нас, но неговиот текст иако е објавен на 01.05.1955 година нема загубено од својата медиумска актуелност и свежина. Слободно може да се заклучи дека и повеќе од шест децении, за нашите општествени услови се прекраток период за да се поместиме неколку милиметри нанапред, кога е во прашање свеста за интересите на заедницата, како што напишал Мито Хаџи Василев – Јасмин во временски далечната 1955 година. Само се наметнува прашањето, кој тоа ни потрошил шест децении од времето за општествено созревање како одговорни општествени субјекти, а што е уште потрагично нема никакви навестувања дека во наредните шеесет години ќе се успее да се постигнат некакви резултати во развојот на свеста за интересите на заедницата. Ни останува да ја прилагодиме кинеската поговорка за сработување на работите од 20 на 60 години, која за наши услови би гласела: „Кое време е најпогодно да се почне да се сработи нешто кое требало да биде сработено пред шеесет години, одговорот е сега и веднаш“.autor teksta

2 thoughts on “Морал – тоа е односот кон заедницата”

  • Moralne nakaze nikada nemaju svest za društvene potrebe ni u jednom društvenom uređenju, bez obzira u kom veku se nalazi to društvo.

  • Значи овде во нашава заедница одсекогаш постоел „сентилентален однос“ кон сопствените криминалци, тогаш да не се чудиме од каде сега имаме толку „високи“ криминалци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.