Малолетните лица и нивното право

Načelo zakona za maloljetne

»Svakome maloljetniku pod jurisdikcijom suda za maloljetne treba osigurati pasku i usmjerenje, po mogućnosti u njegovom vlastitom domu, koji će odgovarati duhovnoj, emocionalnoj, mentalnoj i tjelesnoj dobrobiti maloljetnika i najboljoj koristi države; treba očuvati i jačati obiteljske veze maloljetnika, kad god je to moguće, udaljavajući ga iz skrbništva njegovih roditelja jedino kad njegova dobrobit ili sigurnost i zaštita javnosti ne mogu biti na primjereni način zaštićeni bez udaljavanja; a kada se maloljetnika udalji iz njegove obitelji, treba mu osigurati skrb, pasku i disciplinu što je moguće istovjetniju onoj koju bi mu trebali pružiti njegovi roditelji.«

foto by pixabay
  1. Član 502, poglavlje 2, Zakona o dobrobiti i javnoj skrbi države Kalifornije  

Калифорнија како сериозна и одговорна држава многу одамна го има донесено ова начело кое се однесува за добробит на малолетните лица. Степенот на развој на една заедница е тесно поврзан со нивото на почитувањето на правото на малолетните граѓани. Во истиот временски период малолетните лица, жители на нашата општествена заедница биле уставна категорија како што се наведува во подолу наведениот соодветен член од тогашниот Устав.

2. Член 25 став 6 од Уставот на НРМ од 31.XII. 1946.

»Малолетните лица стоат под особена заштита на државата.«

Слободно може да заклучиме дека ова свое право за „особена заштита“ на малолетните лица кај нас многу одамна е донесено. Но истото никогаш не го добило своето вистинско место под нашето општествено сонце. Ова право во некаква разводнета форма постои и денеска. Но во реалниот живот ни оддалеку не може да се забележи, како воопшто да не постои. Тоа е нормално само благодарение на субјектите кои располагаат со општествениот алат. За оваа нивна обврска кон малолетните сограѓани не водат ни најмалку грижа. Бидејќи се преоптеретени со сопствената суета. Суета која не го познава терминот „грижа и насочување во сопствениот дом“. Како и поимите „чување и јакнење на семејните врски на сите општествени нивоа“. Сето тоа поради нивната суета поткрепена со грамзивост не обезбедува предуслови за остварување на определено ниво на благосостојба. Благосостојба како појава која е предизвик на секое сериозно и одговорно општество кон своите граѓани.

autor teksta

1 thought on “Малолетните лица и нивното право”

  • Бидејќи заедницата ни е поделена, само нивните деца ги уживаат сите права, без оглед на која опција припаѓаат, додека останатите воопшто не постојат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.