Африкански пристап

foto by pixabay

Африка, кога ќе се спомнеше овој географски поим некогаш, значеше дека се однесува на нешто просто, едноставно, неразвиено, но сега овој поим за наши прилики има сосема спротивно значение. Во нашава општествена заедница особено во последниве десетина години има тренд како младите својата иднина ја бараат во други општествени заедници. Тоа не е ништо ново, бидејќи за печалбарскиот живот уште Кочо Рацин пишува во своите песни. Ново е дека во сегашно време за оваа општествена појава се молчи на големо, особено од страната на научната заедница бидејќи нема никакви истражувања за да ја разјаснат оваа појава и да дадат соодветни препораки до „татковците и мајките“ на заедницата за да преземат нешто. Се поставува прашањето каде е во оваа приказна Африка, бидејќи насловот се однесува на неа. Во многу национални паркови во Африка била забележана енормна зголеменост на агресивност кај слоновите кои слободно живеат во тие национални паркови, имено масовно ги напаѓале автомобилите со сафари туристи. Кон оваа појава „знаноста“ во тие африкански држави пристапила сериозно и извршила низа научни истражувања. Додека кај нас за погоре спомнатата појава освен новинарски констатации нема друг сериозен пристап иако таа појава е масовна која трае веќе предолг период. Заклучокот од истражувањата во Африка е следен. Во изминатите 30-40 години масовно биле убивани возрасни слонови од страна на ловокрадци поради слоновите кљови, чија цена достигнувала до 20.000 $ за еден пар кљови. Младите слонови кои воглавном биле присутни при тие масовни убиства доживувале големи стресови, кои им се рефлектираат на поголема возраст како ПТСП изразен во вид на голема агресивност. Ова е едната страна на паричката, другата страна е дека после тие масовни убиства, кои траеле со децении се појавува недостаток на возрасни слонови мажјаци, чија општествена улога во слоновската заедница е да ги воспитува слоновите кои се на возраст од 12 до 20 години на „општествено однесување“. Ова е забележано на тој начин што во една слоновска заедница е пронајден слон кој според должината на неговите кљовите се предпоставува дека е на возраст од околу 80 години, но сеуште успевал во таа заедница да ги држи под „контрола“ младите слонови, затоа во таа заедница младите слонови не биле агресивни.

Крајно време е да почнеме со Африкански пристап да се однесуваме кон нашите општествени проблеми. Проблеми кои не се од вчера, одговорни општествени субјекти одговорно треба да се однесуваат, а не работите да се решаваат сами од себе. Затоа им е „доверен“ општествениот алат.

autor teksta

1 thought on “Африкански пристап”

  • Кај нас одамна е напуштен делот во образованието кој се однесува на воспитувањето и како тоа да функционира во реалноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.