Феудален менталитет

Middle Ages, Soldiers, Army, Feudal
foto by pixabay

»Тешка и дебела, на чардакот излезе Гогојца, дигна раце кон небото«. Ѓорѓи Абаџиев многу добро ја знаел опасноста од разно разни „гогоици“ кога се гради една општествена заедница, па на тоа благовремено укажал веќе во педесетите години од минатиот век во своето дело „Арамиско гнездо“. Тоа е оној лик кој постојано е во позадина но многу успешно ги задржува општествените привилегии кои немилосрдно влечат кон феудален менталитет. Во тоа свое ремек дело Абаџиев ја испраќа и следнава порака »На срце ми тежеше туѓата пара«, но оваа негова порака воопшто не допрела до општествените работници од тогаш до сега.

Во тој временски период и писателот Стале Попов ја согледал опасноста од дахиите на тоа време, кога во своето дело Tole Paša“ напишал »Zli čiča. Zli smo – zlima, a dobri – dobrima«. Но дахиите како општествен слој, кој по непишано правило се издига од општественото дно, до ден денешен само ги менува „дресовите“ но секогаш се „главни“ во игра. Ова Стале Попов во истото дело многу пластично го објаснува со овие зборови »Organizacija nije nikada plaćala …«. Опасноста од овој општествен слој многу добро го забележале белградските студенти кои испраќаат јасна порака на општесвено незадоволство до тогашната власт во 1968 година од „црвената буржоазија“ која тогаш влегува на голема врата во тогашниот општествен систем. Сега после 50 година таа иста „црвена буржоазија“ ја доживува својата ренесанса во своите „next” генерации, срамежливо но сигурно се креваат од дното. Сето тоа како што има напишано академикот Петре М. Андреевски »Сè почнува од некоја недвосмислена потреба да се биде нешто и да се биде со некого.« Без оглед која е цената на таквото однесување, бидејќи таквата сметката секогаш ја плаќа некој друг.

Основни обележија на феудалниот менталитет се: „арагонската крв“ синоним за освојување на власта без оглед на цената која треба за тоа да се плати, потоа „језуитската правда“ синоним за донесување на пресуда за вина уште пред да се родиш и „јакобинската јаловост“ синоним за развлекување на работата преку бесконечни состаноци, формирање на комисии кои никогаш не ја завршуваат работата поради која се формирани, со други зборови се прават, само општествената работа да не биде ставена на вистински колосек, а тоа само поради една причина што подолг временски период да се уживаат општествените привилегии. Со таков феудален менталитет не може да се изгради современ свесен капитализам каков има денеска во развиените општествени заедници, бидејќи општествениот алат не се употребува според современите научни достигања. Многу одамна е утврдена потребата за напуштање на доктрината на феудален менталитет, што побрзо тоа подобро, само треба да се почне. 

2 thoughts on “Феудален менталитет”

  • Создавање на нов менталитет е навистина предизвик, особено кога се знае дека „организацијата никогаш не плаќа“ се останува да направат самите граѓани.

  • Тоа навистина представува проблем бидејќи незнаеме во какво општество живееме, затоа мачо феудалците се на цена, додека секој чесен и поштен граѓанин бара начин да замине од оваа заостаната феудална заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.