Економски evergreen

foto by pixabay

Професор Тодор Рушков според неговите сознанија и ставови искажани уште во седумдесетите години од минатиот век, слободно може да го ставиме на топ листата на „Економски evergreen“, бидејќи денешниве економисти непокажуваат резултати кои се соодветни на сегашниве современи економски токови. Еве еден дел од ставовите на професор Тодор Рушков:

»Производните фактори секогаш се поврзани меѓусебно, комбинирани во рамките на производниот процес. Во меѓусебните односи на поврзаност и рационална комбинираност постојано настануваат квантитативни и квалитативни промени во ангажираните производни фактори. Целта на различните комбинации е производство на што повеќе добра и услуги при истовремено намалување на трошењето на ангажираните средства за производство и работна сила. …

… Во најопшта смисла на зборот, производните сили го изразуваат производниот потенцијал на една заедница.

Така на пример, според мислењето на класиците на марксизмот, во производни сили влегуваат: машините, технологијата, поделбата на трудот, населението, колективната работна сила (здружениот производител), работно искуство.

Општествено-економскиот и техничко-технолошкиот напредок ја зголемуваат улогата на производните сили.

Во современиот свет како посебен елемент на производните сили се јавува науката со нејзината техничко-технолошка применливост во производството. Тоа место науката не го зазема случајно. Од секогаш во историјата, науката претставува еден специфичен вид акумулирано знаење. Меѓутоа, порано науката имаше, главно, функција на општествена свест, а денес таа има, пред сè, функција на непосредна производна сила. Науката како елемент на производните сили мошне многу влијае на забрзувањето на промените што настануваат во средствата и предметите на трудот, во користените извори  на енергија итн. Непосредната примена на науката во производните сфери отвора тенденции на постепена замена на човекот во производниот процес од страна на механички средства. Забрзаната растечка улога на науката како производна сила, покрај другото, се објаснува и со една нејзина специфичност. Имено, добрата и услугите со употребата се трошат, додека научните сознанија со употребата не се трошат, туку продолжуваат и натаму да му служат на човекот, за неговото слободно располагање. Исто така, сите стопански дејности, по правило, се извршни додека научните се творечки дејности. Поради тие причини ширењето на науката како дејност, како сознание и практична примена има теориски неограничени размери, карактеристики кои уште повеќе го забрзуваат растечкото значење на науката како непосредна производна сила.«

Чудна е оваа наша денешна економија, економските поими кои ги употребува професор T.Рушков како на пр.: производство на што повеќе добра и услуги, намалување на трошењето на ангажираните средства, работно искуство, акумулирано знаење,  функција на општествена свест, научните сознанија, творечки дејности, значење на науката. Представуваат терет кој неможе општествените субјекти кои располагаат со општествениот алат, никако да ги стават во функција на економскиот развој. Сето ова иако треба да го знае, представниците на научната заедница го набљудуваат како страствени спортски навивачи. Современиот свет, благодарение на примена на достигањата во економската наука пред нашава заедница се движи со џиновски чекори.  

1 thought on “Економски evergreen”

  • Навистина представува проблем, како науката да се извлече од оваа маргинална позиција која ја има сега во нашата држава?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.