Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 10

Хипотетичка рамка

Доколку сакаме некоја општествена појава подетално да ја истражиме неопходно е најпрвин да ја утврдиме хипотетичката рамка на дејствување. Кога станува збор за општествени појави оваа задача станува покомплексна бидејќи се работи за различни општествени чинители.

Според професор Tomas Kun сознанијата во општествените науки побргу застареваат, па затоа на револуционерните промени во општеството мора да предходат револуционерни промени во општествените науки (1974). Тие промени не доаѓаат сами по себе туку се добро осознаени општествени проблеми, кои се претставени при одредено истражување со пригодни хипотези. Хипотези кои ја изразуваат општествената реалност, подготвувајќи ја за промени.

Општа хипотеза

Живееме во време кога слободно може да се каже, дека криминалот на овие простори веќе подолг временски период ја живее својата ренесанса при тоа покажувајќи го својот спектар на бои како раширен општествен проблем во сите пори на општеството. Како општа хипотеза во овој труд го користиме следниов исказ:

foto by Marinela

Корелација помеѓу нивото на општествената потреба и професијата криминалист изразени преку нејзиниот интегритет и прагматичност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.