Amicorum – мај 2016-бр. 2 – стр. 8а

Втор показател е економска криза изразена преку стопанската (не)активност. Овие економски дејствија неможат да осигураат материјална основа за општествен напредок преку реално поставени општествени цели и задоволување на економските потреби на граѓаните. Додека посебен предизвик претставува заштитата од надворешните економски влијанија како што е некое ниво на рецесија во пошироки рамки. Овие општествени проблеми кои нè засегаат се вистински предизвик за научната заедница да изнајде соодветни применливи решенија кои треба овие кризи да ги сведат на ниво кое ќе овозможува забележителен постојан стопански раст во подолг временски период. Професор Бранко Хорват појавите кои доведуваат до криза во една заедница ги опишува како:

foto by Marinela
  • Намалување на производството
  • продуктивноста има негативна стапка на раст,
  • реалните лични приходи опаѓаат,
  • висока невработеност,
  • извозот стагнира,
  • покачување на цените,
  • недостаток на некои производи и услуги,
  • зголемување на стопанскиот криминал,
  • расне незадоволството меѓу граѓаните по сите основи.

Трет показател е непостоечки ефикасен политички систем, претставен со неефикасно парламентарно уредување и политичка неорганизираност на страначките субјекти во нашава општествена заедница.  Предизвик е за научната заедница да направи соодвети истражувања и да утврди дали сите овие појави се присутни во нашата заедница. Доколку се присутни или барем некои од нив се значително присутни, треба да се предложат мерки кои се засновани насовремени научни сознанија и да се предочат на »родителите« на заедницата да ги спроведат во дело, а не само да седат на Олимп и да мудруваат. Бидејќи како што вели Шекспир “Мудар е оној татко кој го познава сопственото дете”. За жал нашите »татковци« немаат никаква намера веќе со децении наназат да не запознааат, бидејќи нивна основна карактеристика е да размислуваат со својот рептилски мозок на разно различни начини, но суштината секогаш останува иста »неразвиена заедница бидејќи некој друг од надвор е за сè  виновен, а тие „татковците“ секогаш се во право и никогаш не грешеле владеејќи преку принципот на едноначелие«.

Ова е едноставно кажано но неговото спроведување во реалниот живот е тешко. Но без оглед на тешкотиите за реализација на неопходните мерки основната одговорност професор Хорват ја префрла на научната заедница и нејзините претставници.  Претставник на научната заедница е секој кој поседува универзитетска диплома. Тоа значи сите дипломирани студенти, магистри, доктори на науки и академици. Табелата погоре го покажува „количеството“ на високи академски граѓани кои дипломирале за период од 20 години, но каков ефект тоа има врз нашава заедница е особено занимливо прашање. Дел од нив се директни носители»родители« на нашава заедница, кои се на одговорни позиции во институциите на заедницата и донесуваат одлуки. Одлуки кои ја кројат судбината на сите граѓани на нашата заедница. 

foto by Marinela

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.